Од монтер на клими до милионер - Кој е Игор Ковитски, чија сопруга се обиде да изнесе 30 милиони долари од Украина?
- Детали
- вторник, 22 март 2022
Сопругата на украинскиот пратеник Игор Ковитски, Анастасија била фатена како се обидува преку бегалски премин од Украина во Унгарија да пренесе 28 милиони долари во кеш и 1,3 милиони евра. Што знаеме за Игор Ковитски, најбогатиот украински пратеник?
Во светските медиуми деновиве масовно се споделуваат фотографиите од шест полни куфери со пари што наводно на 14-ти март сопругата на украинскиот пратеник Игор Ковитски, Анастасија се обидела да ги пренесе преку границата во Унгарија.
Фотографиите со куферите се споделени на Фејсбук страната на Украинското државно биро за разузнавање, а набрзо во медиумите се појави и информацијата дека парите се обидела да ги пренесе сопругата на поранешниот пратеник.
ДБР розслідує факт незаконного переміщення закордон майже $30 млн 🔷 Слідчі Державного бюро розслідувань відкрили...
Posted by Державне бюро розслідувань on Monday, March 21, 2022
Поранешниот пратеник ги негира ваквите пишувања и тврди дека сите негови пари се во украинските банки. Како што рече, точно е дека неговата сопруга се обидела да ја премине границата за да се породи во Унгарија, но не е точно дека со себе носела пари.
Според пишувањата во украинските и во светските медиуми, Анастасија ја преминала границата заедно со нејзината мајка Галина Кучер и од украинска страна не пријавила пари, а во Унгарија морала да ги пријави, откако цариниците ги пронашле полните куфери.