Позитива на денот: Децата од Словачка ги донираат своите играчки за да им ја вратат насмевката на децата од Украина (фото)
- Детали
- сабота, 19 март 2022
Ништо не може да им ја врати насмевката на лицето на најмалите како нова играчка. Оваа учителка организира донаторска акција со која овозможи децата што бегаат од хоророт на војната во сопствената земја да бидат пречекани со нови играчки.
Според фотографиите што редовно се споделуваат на социјалните мрежи, може да се види дека вака родителите ги напуштаат своите домови додека бегаат од Украина.
Над 1 милион деца во последните неколку недели побегнаа од Украина во соседните земји, по руската инвазија во земјата.
Словачката полиција на својата Фејсбук страна споделува фотографии од донацијата на играчки за децата бегалци од Украина кои пристигнуваат во земјата.
SILNÉ PRÍBEHY Z HRANICE: SLOVENSKÉ DETI DAROVALI SVOJE HRAČKY UKRAJINSKÝM DEŤOM Žiaci základnej školy Pavla Horova 8 v...
Posted by Polícia Slovenskej republiky on Sunday, March 13, 2022
Учениците од 8-мо одделение на учителката Павла Хорова од Михаловце организирале донаторска акција наречена „Од деца за деца“.
Дечињата од Словачка ги собрале своите играчки за да им ги донираат на дечињата од Украина со цел да им ја вратат насмевката на лицата.
Голем дел од играчките останале на самиот граничен премин, а дел од нив биле однесени во Украина за децата што сѐ уште не успеале да ја напуштат земјата.
Освен играчките, на фотографиите може да се види дека за дечињата од Украина се обезбедени и сокчиња, храна, како и бебешка храна за најмалите.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Прочитајте и Браво! Жени од Полска на граница им оставаат детски колички на мајките од Украина
Б. С. Б. | Црнобело