Емотивно видео: Момче (11) со солзи ја прегрнува мајка си на првата средба, откако само ја пропатува цела Украина за да избега
- Детали
- петок, 18 март 2022
Со телефонски број напишан на неговата рака, малиот Хасан Писека ја пропатува цела Украина за да побегне од војната. Една недела подоцна имаше можност првпат да ја прегрне својата мајка по храбриот подвиг, а нивната емотивна средба ги стопи срцата на многумина.
Хасан Писека (11) минатата недела сосема сам пропатувал околу 1.000km од југо-источна Украина до границата со Словачка. Тој конечно се сретна со неговата мајка.
Со мала пластична кеса, пасош и телефонски број напишан на неговата рака, патувајќи со воз и пеш, малиот Хасан Писека стигнал до границата со Словачка, каде го чекале неговите 4 повозрасни браќа и сестри.
Неговата мајка Јулија Писека останала во родниот град Запорожје за да се грижи за нејзината 84-годишна неподвижна мајка која не била во можност да побегне од земјата.
Кога стасал на границата со Словачка граничарите биле освоени од храброста и истрајноста на младото момче, па веднаш стапиле во контакт со роднините на момчето во земјата.
Џулија објави видео на Фејсбук во кое им се заблагодари на граничарите и волонтерите што му помогнале на нејзиниот син.
11 ROČNÝ CHLAPEC UTIEKOL SÁM Z UKRAJINY: TERAZ JEHO MAMA Z UKRAJINY V SLZÁCH ĎAKUJE CELÉMU SLOVENSKU... 🇺🇦❤️ Pozor, prečítajte si pozorne celý tento status, ak chcete pomôcť! Doslova celý svet dojal príbeh 11-ročného chlapca, o ktorom sme vás včera informovali. Utiekol pred vojnou úplne sám. Jeho mama musela zostať so svojou mamou, ktorá je imobilná... ➡️ https://www.facebook.com/1488631054500445/posts/5378957235467788/ O chlapca sa postarali mnohí. Či už policajti, vojaci, colníci, alebo dobrovoľníci a rôzne náboženské či civilné organizácie. Chlapcovi bol zabezpečený transport do Bratislavy za jeho rodinou. Je v poriadku! POZOR: Chcete pomôcť jeho mame a babke, ktoré sa nevedia dostať z Ukrajiny. Kontaktujte Združenie kresťanských spoločenstiev mládeže na adrese: eduard@zksm.sk Je to overený kontakt. Združeniu zároveň ďakujeme za sprostredkovanie tohto video odkazu, titulkovanie a preklad.
Posted by Polícia Slovenskej republiky on Sunday, March 6, 2022
Неколку дена подоцна, мајката и неподвижната баба на момчето биле евакуирани од Украина, а фотографиите од обединувањето на семејството се споделени на Фејсбук страната на словачката полиција.
VIAC AKO DEŇ V PREPLNENOM VLAKU: MAMA A BABKA HASSANA SÚ V BEZPEČÍ NA SLOVENSKU Nebolo to po prvýkrát, keď Hassanova...
Posted by Polícia Slovenskej republiky on Wednesday, March 16, 2022
Инаку, ова не е првпат семејството Писека да бега од војна. Пред неколку години тие побегнале од Сирија.
Џулија во изјава за странските медиуми вели дека патот со воз бил мошне тежок, но дека морале да побегнат за семејството да биде заедно.
„Повторно ќе треба да почнеме од почеток. Изгубивме сѐ што имавме, но барем сме здрави“ – вели таа за The Sun.
Погледнете го видеото во продолжение:
Погледнете уште неколку фотографии од малиот Хасан:
Б. С. Б. | Црнобело