Трудница од Малезија му подарила Lamborghini на сопругот – за сите непроспиени ноќи кога детето ќе се роди

Трудница од Малезија го изненадува сопругот со  спортски автомобил вреден над 433.000 евра, а тој не може да ги сокрие солзите - но, со овој подарок таа очекува тој деноноќно да се грижи за нивното дете и да го буди навечер ако заспие кога детето ќе плаче.

bremena-zhena-od-malezija-mu-podariv-lamborghini-na-soprugot-za-denonokjno-da-se-grizhi-za-nasheto-dete-video-01.jpg

Анес Ајуни Осман (19) од Малезија е бизнис-жена која стана интернет сензација откако на нејзиниот сопруг Велдан Зулкефи му подари Lamborghini Huracan Evo вредно над 433.000 евра.

bremena-zhena-od-malezija-mu-podariv-lamborghini-na-soprugot-za-denonokjno-da-se-grizhi-za-nasheto-dete-video-02.jpg

Вирално се прошири видеото во кое го носи нејзиниот сопруг во салон на Lamborghini, му ги покри очите и му го покажа новиот автомобил спакуван со црвена панделка.

На видеото се гледа како нејзиниот сопруг силно ја прегрнува сопругата и со солзи во очите ги зема клучевите од новиот автомобил.

bremena-zhena-od-malezija-mu-podariv-lamborghini-na-soprugot-za-denonokjno-da-se-grizhi-za-nasheto-dete-video-03.jpg

„Му подарувам Lamborghini затоа што сакам да биде со мене постојано. Очекувам мојот сопруг да се грижи за бебето деноноќно затоа што има голема можност да се породам со царски рез. Мајките знаат колку е болно да се породиш со царски рез и очекувам големо внимание од сопругот.

Загрижена сум дека ако сопругот биде буден цела ноќ, преку ден кога ќе легне да спие, нашето дете ќе биде вознемирено. Ако тоа се случи, ќе мора да го разбудам за да се грижи за бебето“ – вели Ајуна.

bremena-zhena-od-malezija-mu-podariv-lamborghini-na-soprugot-za-denonokjno-da-se-grizhi-za-nasheto-dete-video-04.jpg

Според пишувањата во странските медиуми Ајуни има свој бизнис за козметика. Како што рече, очекува да се породи при крајот на март, а по царскиот рез верува дека околу 3 месеци ќе биде целосно врзана за креветот.

Погледнете го видеото во продолжение:

@ayunieso24 #ad Bagi awl2 hadiah utk jaga sy dlm Pantang nnti ? Terima kasih suami , besar mana pun nilai hadiah ni takkan dapat balas kebaikan awk #fyp #ad #vitamilk ♬ Dengarkan Sayang - Kangen Band

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Освоив 172 милиони евра на лото - Како добивката ми го уништи животот?“ Родителите престанале да разговараат со неа затоа што сметале дека не им дала до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg