„Имав 34 килограми, ми рекоа дека сум неплодна – сега сум горда мајка на 9 деца, откако ја победив анорексијата“
- Детали
- вторник, 15 март 2022
Леа Вилијамс имала анорексија и во периодот кога била во најкритична состојба тежела само 34 килограми, а престанала и да добива менструација. Лекарите биле сигурни дека никогаш не ќе може да има деца, но Леа ја победила болеста и сега е горда мајка на девет деца.
Во младоста, Леа Вилијамс од Англија страдала од анорексија и на 20-годишна возраст ја достигнала најниската тежина – само 34 килограми.
Тогаш Леа имала еден син, Џејкоб, а бидејќи поради сериозноста на нарушувањето престанала да добива менструација, лекарите биле сигурни дека во иднина нема да може да има деца.
Нo сега, две децении подоцна, Леа нема анорексија и е горда мајка на дури девет дечиња.
За разлика од повеќето луѓе кои страдаат до анорексија, проблемот на Леа не било незадоволството со нејзиниот изглед.
На 19-годишна возраст, таа отишла на заболекар за да ѝ го извадат умникот. Но, докторот оставил дел од коренот на забот и додека да го среди, Леа не можела да јаде.
„Моето нарушување во исхраната не започна поради мојот изглед. Требаше да ми го извадат умникот, но дел од коренот остана и требаше многу време додека да ми го средат. Не можев воопшто да јадам и тогаш почна сè. Потоа ми беше тешко да се вратам во нормала.
Бев како скелет и тежев помалку од 35 килограми, но знаев дека морам да се подобрам поради синот Џејкоб, кој сега има 21 година“.
Леа побарала стручна помош и до 24-годишна возраст успеала да ја победи анорексијата. Истиот период, таа се венчала и со нејзиното момче Ник, кој денес има 49 години.
Иако Леа се сомневала дека ќе може да остане бремена, со Ник сепак решиле да се обидат.
На големо изненадување на двајцата, Леа останала бремена и со сопругот ја добиле ќерката Еленор, а потоа и уште една ќерка.
„Работев како негувателка на глуви и слепи лица, но по раѓањето на третото дете дадов отказ. Оттогаш само продолживме да имаме деца“.
Денес Ник и Леа се горди родители на девет деца на возраст помеѓу 21 година и 4 месеци.
„Никогаш не планиравме да имаме толку многу деца, но едноставно се случи. Сега не би го замениле нашето семејство за ништо. Нашиот дом е хаос и луд, но ми се допаѓа“.
Одвреме-навреме Леа се соочува и со критики и злобни коментари поради многуте деца, но вели дека повеќе не им обрнува внимание.
„Добиваме многу критики. На почетокот ми пречеа, но не повеќе. Има и луѓе кои велат дека не им се верувало дека повторно сум бремена.
Но, и мене не ми се верува – вистинско чудо е што моето тело се врати во нормала. И мојот гинеколог до денес не може да поверува дека немам проблеми со плодноста“.
Спирова С. | Црнобело