Трогателна приказна: Девојка (21) се грижи за 7-те браќа и сестри – мајка ѝ починала, татко ѝ има сериозна повреда на мозокот

Кензи Фелтнер има само 21 година, но мора да се грижи за нејзините седум браќа и сестри, откако минатата година татко ѝ добил сериозна повреда на мозокот во сообраќајка, а мајка ѝ починала од ковид. Но, Кензи е вистинска инспирација – секогаш размислува позитивно и се надева на најдоброто.

trogatelna-prikazna-devojka-21-se-grizhi-za-7-te-brakja-i-sestri-majka-pochinala-tatko-ima-seriozna-povreda-na-mozokot-01.jpg

Кензи Фелтнер е неверојатна 21-годишна девојка која се грижи за 7-те браќа и сестри откако мајка ѝ починала, а татко ѝ се стекнал со сериозни повреди по сообраќајна несреќа.

Сега, Кензи се обидува да биде како мајка на помалите браќа и сестри, а притоа мора да се справува со нејзиното нарушување – spina bifida – поради кое ’рбетниот мозок не е правилно развиен и ѝ создава тешкотии со движењето.

Кензи дефинитивно се соочува со тежок период по сообраќајката на нејзиниот татко и смртта на нејзината мајка во октомври минатата година.

trogatelna-prikazna-devojka-21-se-grizhi-za-7-te-brakja-i-sestri-majka-pochinala-tatko-ima-seriozna-povreda-na-mozokot-08.jpgРодителите на Кензи

Според Local12, медиумот што ја пренесува емотивната приказна на Кензи, животот на нејзиното семејство бил речиси совршен пред трагедиите.

Таткото на Кензи, Тревис, работел во ИТ секторот и заработувал многу добро, додека нејзината мајка Амбер се грижела за неа и 7-те браќа и сестри.

trogatelna-prikazna-devojka-21-se-grizhi-za-7-te-brakja-i-sestri-majka-pochinala-tatko-ima-seriozna-povreda-na-mozokot-06.jpgКензи (десно) со помагало за одење и нејзиното семејство

Но, во септември минатата година Тревис бил удрен од автомобил кој бегал од полиција и завршил во болница со многу скршеници и сериозна повреда на мозокот.

„Сега имам проблеми со краткотрајната меморија. Тешко ми е да запомнувам работи. Одам на терапија за тоа и сега се обидувам да се подобрам“.

Сепак, и покрај терапијата и лекарската помош, Тревис не можел да работи, па почнале финансиските проблеми на семејството. Како тоа да не било доволно, набрзо потоа Амбер се заразила со ковид. Околу две недели подоцна, таа починала.

trogatelna-prikazna-devojka-21-se-grizhi-za-7-te-brakja-i-sestri-majka-pochinala-tatko-ima-seriozna-povreda-na-mozokot-07.jpg

По сето ова, Кензи, која е најстарото дете, станала одговорна за сè во домот.

„Да ја напишат домашната, да ги избањам. Да ги натерам да си легнат навреме, да одам на родителски средби, да ги однесам на лекар… Без разлика за што станува збор, пробувам добро да се организирам и да ги завршам обврските како што би ги завршила мајка ми“, вели младата девојка.

trogatelna-prikazna-devojka-21-se-grizhi-za-7-te-brakja-i-sestri-majka-pochinala-tatko-ima-seriozna-povreda-na-mozokot-05.jpgКензи и нејзината мајка

„Сакам моите браќа и сестри да бидат свесни за наследството што го остави мајка ни. Моето најголемо ветување за неа е дека ќе ги воспитам останатите деца како што таа ме воспита мене“.

trogatelna-prikazna-devojka-21-se-grizhi-za-7-te-brakja-i-sestri-majka-pochinala-tatko-ima-seriozna-povreda-na-mozokot-10.jpgКензи со 7-те браќа и сестри

Поради нарушувањето, на Кензи ѝ е потешко да извршува некои задачи, а не може да вози ни автомобил – нешто што е особено важно додека се грижи за седум деца.

Сепак, постојат специјално направени автомобили кои се возат само со помош на раце – наместо педали за нозе, овие контроли се приспособени така што можат да се управуваат со раце.

Кензи и семејството немаат пари за ваков автомобил, но благодарение на нивните пријатели и донациите на многуте добри луѓе, сега девојката конечно го доби автомобилот што ѝ треба.

trogatelna-prikazna-devojka-21-se-grizhi-za-7-te-brakja-i-sestri-majka-pochinala-tatko-ima-seriozna-povreda-na-mozokot-09.jpg

Кензи дефинитивно е инспиративна личност која и покрај неповолната положба во којашто се нашла, сепак е среќна.

„Мама би сакала да продолжам да се движам напред исто како неа. Научив дека мора да размислувам позитивно и да живеам како што живееше таа“.

trogatelna-prikazna-devojka-21-se-grizhi-za-7-te-brakja-i-sestri-majka-pochinala-tatko-ima-seriozna-povreda-na-mozokot-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Поради рак на дојка, не можам да имам деца – најдобрата другарка ми беше сурогат мајка“ „Отсекогаш сакав да станам мајка и по дијагнозата со рак, мислев дека ќе биде не...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“ „Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg