Семејството Левиев со тужба за Измамникот од Тиндер: „Со години неплатените сметки стигаа и кај нас“

„Сум видела голем број од неговите лажни документи и навистина сум изненадена колку реално изгледаат, ние сме жртви, нашиот идентитет е украден“ – вели ќерката на Лев Левиев за измамникот од Тиндер и открива како со години добивала повици за неплатени сметки од нејзиниот „брат“ Сајмон.

semejstvoto-leviev-so-tuzhba-za-izmamnikot-od-tinder-so-godini-neplatenite-smetki-stigaa-i-kaj-nas-01.jpg

Ќерката на израелско-рускиот крал на дијамантите Лев Левиев, Чагит Левиев, која управува со компанијата на нејзиниот татко LLC Diamonds даде обемно интервју во кое говореше како првпат дознала за измамникот од Тиндер, кој се претставувал како нејзин брат.

Во текот на изминатиот месец светот имаше можност да го погледне филмот The Tinder Swindler во кој три девојки говореа за Сајмон Левиев, односно Шимон Хјаут кој претставувајќи се како син на милијардерот Лев Левиев успеал да изнуди огромни суми пари од нив и ги оставил во огромни долгови.

semejstvoto-leviev-so-tuzhba-za-izmamnikot-od-tinder-so-godini-neplatenite-smetki-stigaa-i-kaj-nas-02.jpg

Сајмон се огласи во интервју каде рече дека тој не e измамник, а парите за луксузниот живот ги заработил преку трговија со Биткоин, но неодамна за Forbes интервју даде и Чагит Левиев, ќерката на „кралот на дијамантите“ и извршен директор на компанијата.

View this post on Instagram

A post shared by Chagit Leviev Sofiev (@chagit_leviev)

Како што вели, таа за Сајмон дознала многу порано пред вистината за измамникот од Тиндер да биде објавена и тоа преку обидите што израелскиот измамник ги направил за да го ограби нејзиното семејство.

Како што раскажува Чагит, во 2017-та година добила телефонски повик од човек што се обидувал да инкасира три чека што ги добил од нејзината компанија на износ од 350.000 долари.

„Веднаш се посомневав и побарав да ми испрати копии од чековите. Се шокирав затоа што чековите изгледаа веродостојно па на нив дури го имало и името на компанијата и адресата“ – појаснува таа.

Чагит раскажува дека особено ја збунило тоа што човекот тврдел дека чековите му биле дадени лично од извршниот директор на компанијата Сајмон Левиев, по што таа се обидела да му објасни дека таков човек во нивната компанија и семејство не постои и дека тој со сигурност не е извршен директор.

По ова семејството ја контактирало израелската полиција, но не добиле никакви информации и истрагата била затворена по само неколку месеци.

Во следните пет години, како што раскажува ќерката на „Кралот на дијамантите“ таа и нејзиното семејство добиле голем број мејлови и телефонски повици од голем број компании во Европа кои барале да им бидат префрлени средства за неплатени приватни авионски летови, јахти и луксузни автомобили.

„Навистина беше чудно, затоа што немаме член со такво име во семејството, но ние сме девет деца, па се случува често да ни ги смешаат имињата“ – појаснува таа.

Според неа, во измамата на Сајмон не се жртви само девојките, туку и нејзиното семејство.

„Застрашува помислата дека некој има толку многу лични информации за нас.

Не само затоа што ги поседувал тие информации туку и ги искористил за да измами толку многу луѓе. Ние исто така сме жртви.

Нашиот идентитет беше украден и искористен за измама врз луѓе.

Тој е софистициран, професионален криминалец. Сум видела голем број од неговите лажни документи и навистина сум изненадена колку реално изгледаат: писма, чекови, пасоши и изводи од трансфери. Толку многу внимание посветува на деталите.

На некои од документите дури ги имаше и последните четири броеви од трансакциската сметка на компанијата. Не знаеме како стасал до тие информации“ – појаснува таа.

Инаку, семејството Левиев минатата недела и формално поднесе тужба до Измамникот од Тиндер, за што би можел да добие затворска казна од 11 години.

Чагит во интервјуто открива дека освен против Сајмон, тужба е поднесена и против неговиот татко, рабинот Јоханан Хајут за кого се верува дека бил соучесник во измамата. 

Освен нив двајца, Чагит вели дека семејството ќе ги тужи сите учесници што биле вклучени во измамата.

Дали по оваа тужба Сајмон конечно ќе одговара за измамата останува да видиме.

Погледнете уште неколку фотографии од Чагит во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
Баба му на Чарлс двапати го победила ракот и живеела до 101 година – Дали болеста е „проклетството“ ... Баба му имала две операции заради рак, а двајца дедовци биле „покосени“ од болес...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg