Украинска кафетерија со мачки не затвора среде војна – се грижат за животните и за бегалците (фото)

Сопственикот на кафетеријата вели дека не ни помислил да ги остави мачките сами и заедно со вработените продолжува да се грижи за нив и во воени услови, но и за бегалците на кои им треба топол оброк на патот кон Полска. Овие приказни за луѓе полни со хуманост ни го топлат срцето!

ukrainska-kafeterija-so-machki-ne-zatvora-srede-vojna-se-grizhat-za-zhivotnite-i-za-begalcite-nashite-machki-se-hrabri-foto-01.jpg

Таканаречените кафетерии за мачки се локали каде што можете да се напиете кафе и да јадете, но и да се дружите со мачките што живеат таму. 

Ваков локал има и во украинскиот гад Лавов – Cat Cafe Lviv – а сопствениците решиле да продолжат со работа и по нападите од Русија.

ukrainska-kafeterija-so-machki-ne-zatvora-srede-vojna-se-grizhat-za-zhivotnite-i-za-begalcite-nashite-machki-se-hrabri-foto-14.jpg

Во локалот кој работи веќе шест години живеат 20 мачки, а посветениот сопственик Серхи Олиник смета дека не треба да ги напушти. Тој има тим од неколку вработени кои продолжиле да работат и по нападите. 

„Нашите мачки живеат овде уште од кога имаа четири месеци. Тие ни се како семејство. Сфативме дека нема да ја напуштиме нашата земја и дека ова е единственото место каде што ја гледаме нашата иднина“, вели Серхи.

ukrainska-kafeterija-so-machki-ne-zatvora-srede-vojna-se-grizhat-za-zhivotnite-i-za-begalcite-nashite-machki-se-hrabri-foto-05.jpg

Сопственикот вели дека не ни помислил да ги остави мачките сами и заедно со вработените продолжува да се грижи за нив.

Локалот уште е во функција, а сопственикот вели дека со задоволство ги прима гостите и се надева дека неговите мачки барем малку ќе им го подобрат расположението во овие тешки денови.

ukrainska-kafeterija-so-machki-ne-zatvora-srede-vojna-se-grizhat-za-zhivotnite-i-za-begalcite-nashite-machki-se-hrabri-foto-02.jpg

ukrainska-kafeterija-so-machki-ne-zatvora-srede-vojna-se-grizhat-za-zhivotnite-i-za-begalcite-nashite-machki-se-hrabri-foto-04.jpg

Градот Лавов се наоѓа во близина на границата со Полска, па многу бегалци одат таму. Тие ја користат железничката за да ја напуштат земјата и да заминат во соседната држава. 

„Сега имаме многу помалку посетители, но има луѓе кои доаѓаат од други градови и на кои им требаат топол оброк и позитивни емоции“, вели Серхи.

ukrainska-kafeterija-so-machki-ne-zatvora-srede-vojna-se-grizhat-za-zhivotnite-i-za-begalcite-nashite-machki-se-hrabri-foto-06.jpg

Истовремено, Серхи открива дека локалот има две големи простории во подрумот кои можат да послужат како засолниште за гостите и мачките доколку добијат најава за напад.

ukrainska-kafeterija-so-machki-ne-zatvora-srede-vojna-se-grizhat-za-zhivotnite-i-za-begalcite-nashite-machki-se-hrabri-foto-12.jpg

Деновиве локалот стана хит благодарение на новинарка на CNN која живее во Украина. Како многу други, новинарката се упатила кон Лавов пред да ја напушти земјата и го посетила локалот.

ukrainska-kafeterija-so-machki-ne-zatvora-srede-vojna-se-grizhat-za-zhivotnite-i-za-begalcite-nashite-machki-se-hrabri-foto-03.jpg

ukrainska-kafeterija-so-machki-ne-zatvora-srede-vojna-se-grizhat-za-zhivotnite-i-za-begalcite-nashite-machki-se-hrabri-foto-12.jpg

Таа сподели видео на Твитер со опис:

„Овде е мрачен и тежок ден. Но, најдов нешто што не можеше да ми ја сопре насмевката. Единственото место за храна што беше отворено. Сопствениците прават храна со што имаат. Ми се насмевнаа и ми рекоа: ’Нашите мачки се храбри‘“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
„Јас сум плус-сајз девојка и сакам да патувам – плаќам за 2 седишта во авион, но се соочувам со крит... Инфлуенсерката Саибра е плус-сајз девојка која сака да патува и вели дека секојп...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg