Видеа и фотографии кои лажно се шират како сцени од Украина - всушност се извадоци од филмови и стари настани
- Детали
- четврток, 03 март 2022
Ситуацијата во Украина е главна тема деновиве, а на социјалните мрежи масовно се споделуваат видеа и фотографии што го прикажуваат теророт на војната - некои од нив се реални, а некои од нив лажно се користат.
ТикТок, Твитер, Инстаграм се социјалните мрежи каде масовно се споделуваат фотографии и видеа што наводно треба да го покажат хоророт во Украина.
Меѓу големиот број видеа од дописници што се на местото на настанот и реално ја прикажуваат ситуацијата, има и такви видеа и фотографии што се лажни.
Едно од видеата што почна да се појавува уште на првиот ден од руската инвазија е видеото на кое се гледа како војниците се простуваат од своите сакани.
Голем број од корисниците на Твитер го споделија видеото до кое напишаа наслови од типот: „Проклета војна“, „Никој не сака да биде херој“ и сл.
Damn war ...
Here is the capital of Ukraine: scenes of anxiety, farewell, love ... pic.twitter.com/rjB2RWkFS9-->-->— naser sadeghi (@nasersadeghi19) February 24, 2022
Сепак, подоцна е утврдено дека ова конкретно видео е земено од украинскиот филм The War of Chimeras, објавен во 2017-та година.
Меѓу фотографиите што масовно се споделуваат на социјалните мрежи се и фотографиите од украинскиот претседател Володимир Зеленски кој се придружи во воените дејствија. Сепак, овие фотографии се направени во април 2021-ва година.
Истите фотографии биле објавени на 8-ми април во 2021-ва година во напис на Kyiv Post.
https://twitter.com/ARanganathan72/status/1497460250911281156
На Фејсбук се споделува и видео што треба да ги прикаже воените дејствија од Украина, а всушност по детално истражување може да се утврди дека истото е од Сирија и било објавено во јануари годинава.
Имаше и видео на кое наводно се гледа воздушниот напад врз Киев, за подоцна да се утврди дека станува збор за видео што било направено за време на парада на авиони од 2020-та година.
https://twitter.com/estherswchan/status/1496722300288176129
Уште едно видео што масовно се споделува е од украински авион што наводно руши руски пилот. За ова видео проверувачите на факти утврдиле дека е од видео-играта Digital Combat Simulator World.
#BREAKING
— Ukraine Russia war (@warupdates9) February 25, 2022
Crazy footage of a MiG-29 of the Ukrainian Air Force shooting down a Su-35 fighter jet of #Russia’s Air Force over Ukraine’s capital #Kyiv today. Likely using the R-73 infrared homing missile. #Ukraine #RussiaInvadesUkraine #worldwar3 #WorldWarIII #WWIII pic.twitter.com/MWGRfhnexB
Сепак, покрај многуте лажни видеа и фотографии, постојат и вистински кои реално прикажуваат сцени од Украина деновиве.
Б. С. Б. | Црнобело