Брегот на Австралија погоден од поплава каква што немало со години - спасуваат луѓе од покриви со хеликоптери (фото)
- Детали
- четврток, 03 март 2022
Обилните врнежи во Австралија предизвикаа огромни поплави – цели градови се под вода, извршени се над 1.000 спасувања, а дел од луѓето биле спасувани со хеликоптери од покривите на нивните куќи.
Југоисточниот брег на Австралија е соочен со поплава каква што немало цела деценија, по обилните врнежи и нестабилното време.
Неколку градови се буквално под вода, а постои опасност и Сиднеј да биде поплавен. Досега се евакуирани илјадници луѓе, а голем дел биле спасувани со хеликоптери од покривите на нивните куќи.
CNN пренесува дека според властите, биле извршени над 1.000 спасувања, а добиле над 6.000 повици за спасување.
Наводно, многу луѓе уште биле заглавени во поплавените места, а дел од нив ги чекале спасувачките екипи на покриви.
За жал, има и жртви и засега се претпоставува дека загинале најмалку 13 лица.
Според Бирото за метеорологија во Австралија, се очекува во Сиднеј да наврне дожд колку за неколку месеци, во период од само неколку часа.
Истовремено, една брана во близина на градот почнала да се прелева.