Контроверзната евровизиска победничка од Украина побегна во Турција: „Со децата 4 дена бевме во автомобил, без храна“

„На 24-ти вечерта заедно со децата го напуштивме Киев и речиси 4 дена поминавме во автомобилот, без храна“ – раскажува украинската пејачка Јамала, која во 2016-та година настапи и победи со контроверзната песна „1944“ на Евровизија.

kontroverznata-ukrainska-pretstavnichka-na-evrovizija-pobegna-vo-turcija-so-decata-4-dena-bevme-vo-avtomobil-bez-hrana-01.jpg

Сузана Алимивна Јамаладинова, или скратено Јамала (38), е украинска пејачка која е попозната по тоа што победи на Евровизија во 2016-та година кога пееше за депортацијата на кримските Татари од страна на Јосиф Сталин во песната насловена „1944“.

kontroverznata-ukrainska-pobednichka-na-evrovizija-pobegna-vo-turcija-so-decata-4-dena-bevme-vo-avtomobil-bez-hrana-03.jpg

Во 2016-та година песната „1944“ на Јамала предизвика низа контроверзии, а Русија бараше истата да биде дисквалификувана и на Украина да не ѝ се дозволи настап.

Проблемот беше поради политичката тематика на песната, во која пејачката ја раскажа тажната приказна за депортацијата на нејзиното семејство од страна на Сталин.

Сега, шест години подоцна, Јамала заедно со своите две малолетни деца била принудена да го напушти Киев и да побегне во Турција поради нападите и руската инвазија.

Таа на својот Инстаграм профил ја сподели приказната за своето патување.

kontroverznata-ukrainska-pobednichka-na-evrovizija-pobegna-vo-turcija-so-decata-4-dena-bevme-vo-avtomobil-bez-hrana-04.jpg

Како што вели, тие го напуштиле главниот град на Украина откако ги слушнале првите бомби во близина на нивниот дом.

„Посакувам да се разбудам и да сфатам дека сè ова е само лош филм. Метеор со големина на две земјини топки се надвиснал над нашите глави. И сè уште има такви што велат дека ќе смислиме нешто.

Денес е петти ден како окупаторите од Русија ја нападнаа Украина! На 24-ти вечерта заедно со децата го напуштивме Киев и речиси 4 дена поминавме во автомобилот, со повремени застанувања, без храна, затоа што во состојбата на шок, заборавивме да земеме.

kontroverznata-evroviziska-pobednichka-od-ukraina-pobegna-vo-turcija-so-decata-4-dena-bevme-vo-avtomobil-bez-hrana-04.jpg

Во четири часа поминувавме по 2 km – така се движевме“ – ја започнува сопствената приказна Јамала.

„Толку многу жртви, ранети, а меѓу нив и мали деца. Жените во подрумите под бомбите деновиве родија шест деца. Такви „мали украински националисти“, како што милувате да ги наречете.

И што е најважно - не го разбирам овој крвав терор! А ова е тоа. Ме исфрливте од Киев од мојот дом. И што? Ќе дојдете да живеете таму? Само ќе влезете и ќе кажете: 'Го спасивме светот'? Не сакам да верувам во тоа“ - продолжува Јамала во своето обраќање.

Јамала во моментов заедно со двете деца е во Истанбул, кај нејзината сестра. По пристигнувањето во Турција таа даде кратко интервју за израелската телевизија КАН, каде откри дека зад себе во Украина ги оставила сопругот и свекорот.

Како што вели, во моментов нејзиниот сопруг и свекор им помагаат на другите мајки и деца да ја преминат земјата и да се евакуираат.

Таа вели дека планирала да одат во Западна Украина, но во моментов не се чувствува безбедно да остане вo оваа земја и се сомнева дека би можела да биде мета заради нејзиниот контроверзен настап и победа на Евровизија.

Погледнете дел од нејзините фотографии:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ги терам синовите од џепарлакот да плаќаат и за сметките – нека се учат од мали“ Дали деца на 6 години треба да размислуваат за сметки и пари? Синовите на оваа А...
Детски парк во Јапонија е сон на секој родител од Македонија (видео) Зип лајн, тобогани, авантуристички мостови.... За забавни паркови како во Јапони...
Родила 51 дете, па направила операција за да не забременува - Која е „најплодната жена во светот“? По присилниот брак со многу постар маж, Маријам од Уганда првпат родила кога бил...
„Не заслужувате да сте родители“ - Брачен пар ги оставил децата во кабина на крузер за да одат сами ... „На сличен начин беше киднапирана Медлин МекКен пред неколку години, а денес све...
Мами воздишки и во шестата деценија, ужива во улогата на баба - Која е најубавата кралица во светот? Никој не може ниту да претпостави дека родила 4 деца, а најубавата кралица во св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg