Пред да стане политичар бил комичар и танчар, народот го сака – Факти за украинскиот претседател Володимир Зеленски
- Детали
- среда, 02 март 2022
Бил комичар што толкувал улога на претседател, неговите видеа во кои свири пијано со половиот орган ги насмеаа сите, а сега ја брани сопствената земја од руската инвазија - интересни факти за Володимир Зеленски, украинскиот претседател.
Претседателот Володимир Зеленски е човекот за кого најмногу се пишува во текот на изминатите денови по руската инвазија врз Украина.
Тој стана претседател на Украина во 2019-та година откако го победи поранешниот претседател Петро Порошенко.
Володимир е во брак со Олена Зеленска од 2003-та година и заедно имаат две деца, Александра (17) и Кирил (9), а според информациите во медиумите, тие деновиве се сместени на безбедна локација.
Во продолжение проследете неколку интересни факти што можеби не сте ги знаеле за украинскиот претседател:
Володимир е роден во Украина во 1978-ма година во еврејско семејство. Како што самиот откри во 2020-та година, неговиот дедо го преживеал Холокаустот, но не и тројцата браќа на дедо му.
Тој студирал право и во 2000-та година се здобил со диплома. Сепак, иако завршил правни студии, неговата кариера променила насока откако за време на студиите почнал да се занимава со театар и комедија.
Володимир бил член на комичарската група Kvartal 95 и во 1997-ма година се појавиле на натпреварот за импровизирана комедија KVN, по што Зеленски станал редовен учесник во шоуто.
Додека бил на студии се запознал и со неговата сопруга Олена, која претходно студирала архитектура, но се пренасочила на креативно пишување и станала сценарист за неговата продуцентска компанија Kvartal 95.
Во 2005-та година за првпат се појавил и како сценарист, откако ја напишал музичката комедија „Тројцата мускетари“, каде ја толкувал улогата на Дартањан.
Во 2006-та година Зеленски победил на украинската верзија на шоуто „Танц со ѕвездите“. Во моментов масовно на социјалните мрежи се споделуваат видеа од учеството на претседателот во шоуто.
https://twitter.com/abughazalehkat/status/1497768813860896770
Зеленски го позајми гласот на мечето Падингтон за украинската верзија на филмот „Падингтон“. Пред да стане претседател тој играше во познато украинско шоу кое се нарекуваше „Народен службеник“, каде ја толкуваше улогата на претседател.
Во 2019-та година тој беше избран за претседател на Украина со 70 отсто од гласовите на граѓаните.
Набрзо по преземањето на претседателската функција Зеленски беше вклучен во скандал со тогашниот американски претседател Доналд Трамп, откако се појавија информации дека наводно Трамп му нудел на Володимир воена помош од 400 милиони долари, доколку направи истражување за Џо Бајден.
Деновиве исто така, масовно се споделува уште едно забавно видео од претседателот од 2016-та година, кога во украинско ТВ шоу тој на пијано свири повеќе познати песни со половиот орган.
Володимир некогаш бил еден од омилените комичари во Украина, а сега е еден од омилените политичари. Тој ужива голема поддршка кај граѓаните кои имаат голема доверба во него. За него се вели дека ги поместил границите помеѓу политиката и забавата.
Б. С. Б. | Црнобело