Маж од Англија на 7 години бил жртва на сексуално насилство, сега е полицаец - за да помага на други жртви

Цела година бил оставан во соба, каде возрасна личност сексуално го злоупотребувала константно една година, а дури 26 години подоцна собрал храброст да говори за тоа. „Срамот беше толку моќен и силен што никогаш, на никому се немав доверено за тоа. На жртвите на сексуално насилство им е навистина тешко отворено да говорат за тоа..“, вели Џон Нидам (46) од Англија.

mazh-od-anglija-7-godini-bil-zhrtva-na-seksualno-nasilstvo-sega-e-policaec-za-da-pomaga-na-drugi-01.jpg

Џон Нидам (46) од Англија потекнува од сиромашно семејство со многу проблеми. Татко му завршил во затвор, а мајка му во ментална установа, па на 7-годишна возраст тој завршил во згрижувачка установа. Тоа бил најтрауматичниот период во неговиот живот, кој оставил последици на него за цел живот.

mazh-od-anglija-7-godini-bil-zhrtva-na-seksualno-nasilstvo-sega-e-policaec-za-da-pomaga-na-drugi-07.jpg

Цела година бил оставан во соба, каде возрасна личност сексуално го злоупотребувала константно една година.

„Се фокусирав на некое светло во далечината низ прозорецот или на некоја фигура на завесата, затоа што не беше секогаш ноќ.

Денес, луѓето за мене велат дека сум добар покер играч затоа што можам да направам со умот да бидам на место без емоции.

Оваа способност ја користев и кога во текот на животот се соочував со трагични настани како смрт на некоја блиска личност. Едноставно, мислам дека знам да се исклучам и да отидам на тоа место кое на некој начин ме штити, психички и емоционално.“

mazh-od-anglija-7-godini-bil-zhrtva-na-seksualno-nasilstvo-sega-e-policaec-za-da-pomaga-na-drugi-02.jpg

Злоупотребувачот на Џон бил воено лице и влегувал во собата кај него носејќи гас маска на лицето и заканувајќи му се со нож да лежи мирно на креветот.

Ова ужасно искуство предизвикало посттрауматски стрес кај Џон.

„Имав кошмари за маж со гас маска и нож 20 години“, се сеќава тој.

Тој дури во 20-тите години од животот почнал повторно да живее со татко му, кога тој излегол од затвор.

Експериментирал со разни професии, но во 2009 година успеал да се вработи како полицаец.

mazh-od-anglija-7-godini-bil-zhrtva-na-seksualno-nasilstvo-sega-e-policaec-za-da-pomaga-na-drugi-04_copy.jpg

Сега, како човек кој го штити законот почувствувал дека негова должност е да го пријави злоупотребувачот, за кој немал кажано на никој со децении.

„Кога отидов на суд, судијата ме праша ‘Зошто не зборуваше порано?’, бидејќи се одлучив да говорам дури 26 години по настанот.

На судијата му кажав ‘Срамот беше толку моќен и силен што никогаш, на никому се немав доверено за ова’. На жртвите на сексуално насилство им е навистина тешко отворено да говорат за тоа.“

По судскиот процес судијата не го осудил напаѓачот на Џон, а Џон открива дека никогаш не се чувствувал полошо во животот. Неговиот напаѓач си заминал слободен, а Џон имал панични напади и страдал од депресија.

Но, потоа се обратил кај психолог каде добил разбирање, чувствувал дека некој му верува, го слуша и почнал да се чувствува многу подобро.

Сега, Џон работи во сектор за спречување на сериозен и организиран криминал, но на своите колеги полицајци им помага да ги разберат жртвите на сексуално насилство и веќе е познат како „амбасадор на жртвите на сексуално насилство“ во Велика Британија.

mazh-od-anglija-7-godini-bil-zhrtva-na-seksualno-nasilstvo-sega-e-policaec-za-da-pomaga-na-drugi-05.jpg

Неговата цел е да ја разбуди емпатијата кај полицајците за да ги разберат жртвите и да можат да се стават во нивните чевли за да им помогнат вистински.

mazh-od-anglija-7-godini-bil-zhrtva-na-seksualno-nasilstvo-sega-e-policaec-za-da-pomaga-na-drugi-03.jpg

Џон вели дека работите никогаш не биле подобри за него од сега. Повеќе не страда од депресија, чувството на вина и срам не го мачи повеќе и се шета горд на себе што стигнал дотука.

mazh-od-anglija-7-godini-bil-zhrtva-na-seksualno-nasilstvo-sega-e-policaec-za-da-pomaga-na-drugi-06.jpg

Прочитајте и Девојка од САД на 15 години била киднапирана од сериски убиец, го надмудрила - сега е полицаец

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Мајка на девојче (13) кое било спасено од принуден брак со братучед: „Сопругот нѐ измами“ „Во август минатата година отидовме во Пакистан на одмор, а таму, сопругот нѐ из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg