Шеф им дозволил на вработените да работат само 4 дена неделно (без кратење на платата)

„За моите вработени сакам подобар и поздрав начин на работење. Едноставно не сме создадени за да работиме постојано. Колку луѓе познавате што константно имаат премногу работа и се несреќни поради тоа?“, вели сопственикот на фризерски салон во Велс, кој направи потег за поздрав. 

shef-im-dozvolil-na-vrabotenite-da-rabotat-samo-4-dena-nedelno-bez-kratenje-na-platata-01.jpg

Сопственик на фризерски салон од Велс направи потег за поздрав, а сега сака да ги инспирира и другите работодавачи да го сторат истото.

Тој на своите вработени работната недела им ја намалил на само 4 работни дена, наместо 5, и тоа без да им ја намали платата, со цел неговите вработени да бидат посреќни, поздрави и порелаксирани, а со тоа нормално и попродуктивни во деновите кога се работи.

shef-im-dozvolil-na-vrabotenite-da-rabotat-samo-4-dena-nedelno-bez-kratenje-na-platata-03.jpg

Џоел Меколи ко-сопственик на фризерскиот салон „Slunks“ во Кардиф, главниот град во Велс, ја донел оваа одлука уште кога започнала пандемијата и тоа март 2020 година.

shef-im-dozvolil-na-vrabotenite-da-rabotat-samo-4-dena-nedelno-bez-kratenje-na-platata-06.jpg

Неговите вработени ја земаат истата плата, а работната недела им е скратена за еден ден. По оваа промена Џоел вели дека неговиот тим има повеќе енергија и подобрена е продуктивноста на сите.

shef-im-dozvolil-na-vrabotenite-da-rabotat-samo-4-dena-nedelno-bez-kratenje-na-platata-07.jpg

„Луѓето не се свесни дека работењето во фризерски салон знае да биде екстремно истоштувачко. И јас имам работено во други фризерски салони на времето и знам колку тешко ми било.

Сум работел по 6 дена во седмицата, сум се соочувал со секакви клиенти, страдав од анксиозност и депресија, едноставно бев преморен. Сега, не сакам тоа да им го приредам на моите вработени.

За нив сакам подобар и поздрав начин на работење. Едноставно не сме создадени за да работиме постојано. Колку луѓе познавате што константно имаат премногу работа и се несреќни поради тоа?

Кога имате повеќе слободно време, почнувате да размислувате за животот на поинаков начин, па на работа доаѓате со повеќе енергија и имате помалку непродуктивни работни денови. Надвор од работното место можете да бидете подобра личност, подобар партнер, подобар член на општеството.“

shef-im-dozvolil-na-vrabotenite-da-rabotat-samo-4-dena-nedelno-bez-kratenje-na-platata-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...
Боби од Скопје по поплавите во Дубаи: „Имаше предупредување да не се излегува од дома, колешка ноќес... „Дене времето се расчистува, сончево е. Сите работат од дома, нема паника к...
„Оргиите и аферите со пилоти се вообичаени“ - Поранешна стјуардеса споделува непознати детали за раб... „Атмосферата брзо се вжештуваше и тоа што го видов беше премногу за мене. Се слу...
Адвокатка од САД руши предрасуди: „На работа носам розова облека и канцеларијата ми е розова“ Розови костими, розов автомобил и розова канцеларија – Кејтлин (33) од САД сака ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg