„Луда среќа“: Маж од Њујорк вторпат во 3 години освојува 10 милиони долари на грепки - парите ги донира

За некои луѓе добивките на лото и грепки се нешто неверојатно, но овој маж од Њујорк најверојатно има „луда среќа“. Тој успеа да освои лото премија двапати во три години, a како што вели „сѐ уште ги троши парите од претходната добивка, а новата планира да ја донира“.

luda-srekja-mazh-od-njujork-dobila-vtorpat-na-loto-vo-3-godini-parite-gi-donira-01.jpg

Хуан Ернандез во 2019-та година освоил 10 милиони долари гребејќи ја Спектакуларната грепка, а сега три години подоцна повторно на истата грепка освоил уште 10 милиони долари.

Ернандез од Њујорк одлучил парите да ги подигне веднаш, а по исплаќањето на задолжителниот данок му останале околу 6,5 милиони долари.

Во 2019-та година кога ја освоил добивката за првпат, тој рекол дека првото нешто што ќе го направи е да ја исплати хипотеката на куќата.

„Сѐ уште се обидувам да ги потрошам 10-те милиони што ги освоив во 2019-та година“ – вели тој.

luda-srekja-mazh-od-njujork-dobila-vtorpat-na-loto-vo-3-godini-parite-gi-donira-02.jpg

Хуан, кој е разведен вели дека планира новата добивка да ја донира за семејствата што биле особено погодени од пандемијата, а дел од светските медиуми пренесуваат дека тој веќе донирал пари на семејства на возачи на камиони.

„Откако ни дониравте пари успеав да купам нов камион и повторно да почнам да работам по неколку месеци преживување“ – напишал возачот Весли Хантер од Тексас на Фејсбук страната на Ернандез, а пренесе Daily Mail.

Инаку, максималната добивка од Спектакуларната грепка е 350 милиони долари.

https://www.youtube.com/watch?v=ehD9bUKjnds

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg