Аргентинка потрошила 70.000 долари за да стане „жива барбика“, а сега сака да личи на Памела Андерсон (фото)
- Детали
- недела, 17 април 2022
44-годишна Аргентинка, која живее во САД, потрошила 70.000 долари за да личи на „жива барбика“, а сега одлучила да оди на операција за зголемување на градите со цел да изгледа како познатата актерка Памела Андерсон.
Марсела Иглесиас (44) од Лос Анџелес САД, која себеси се нарекува „Кралица на Холивуд“, потрошила околу 70.000 долари на пластични операции за да личи на жива барбика.
Таа во минатото направила повеќе процедури со ботокс, филери, како и вградување импланти на стомачните мускули, сè со цел да наликува колку е можно повеќе на мега-популарната кукла.
Марсела има вградени импланти во задникот, но и во стомакот, со што стана првата личност во светот што добила развиени стомачни мускули на ваков начин.
Сепак, сега вели дека не е задоволна со трансформацијата и откако ги погледнала новите хит-серии посветени на актерката Памела Андерсон и нејзиниот сопруг Томи Ли „Pam & Tommy“ таа одлучила повторно да оди на пластични операции, но сега целта ѝ е да наликува на секс-бомбата од 90-тите години.
Таа рече дека ќе потроши дополнителни 15.000 долари за да направи операција за зголемување на градите, со цел што е можно повеќе да наликува на нејзиниот идол од детството.
„Уште кога бев мала, мислев дека Памела е најубавата жена на светот. Таа ми беше идол уште додека ја следев серијата Baywatch.
Ги гледав новите ТВ серии и ми се допадна тоа што актерката Лили Џејмс носеше протеза што изгледа исто како градите на Памела.“ – вели таа.
Освен што сака физички да личи на познатата актерка, Марсела вели дека особено ѝ се допаѓаат моралот и етиката на Памела, па активно е вклучена во борбата за права на животните и е вегетаријанка.
Лили Џејмс во улога на Памела Андерсон
Што се однесува до сексуалниот апетит што Памела никогаш не го криела од јавноста, Марсела вели:
„Сметам дека таа е многу секси и е мошне отворена за сопствената сексуалност, а и јас сум иста. Ние двете го сакаме сексот и слободата на изразување.“
Марсела претходно станала опседната со изгледот на Барби уште додека живеела во Буенос Аирес, Аргентина. Кога имала 14 години и кога нејзината мајка одбила да ѝ ја купи познатата кукла, таа одлучила да почне да ја фарба косата и да стане русокоса.
Иако, поминала повеќе помали процедури да стане како Барби, ова е првпат да оди на вистинска пластична операција за да добие гради како Памела.