Бизарна исповед – не ги покрила болничките трошоци на сопругот, бидејќи тој не ѝ дал пари за фустан
- Детали
- сабота, 14 мај 2022
Жена од САД одбила да му даде пари на сопругот за болничките трошоци откако доживеал сообраќајка бидејќи не ги делат трошоците, а заедничката заштеда им е само за итни случаи. Таа нагласува дека претходно му побарала пари зa фустан, а тој не ѝ дал, па смета дека двете ситуации се исти.
Жена од САД ја остави јавноста во неверување со нејзината бизарна исповед на Редит. Откако нејзиниот сопруг доживеал сообраќајка и му била потребна лекарска помош, таа одбила да покрие дел од сметките од болница бидејќи не ги делеле трошоците.
Уште почудно е што претходно жената му побарала пари на сопругот за фустан, а тој не ѝ дал, па таа смета дека ја донела вистинската одлука бидејќи ситуацијата е иста.
Исповедта на жената во продолжение:
„Јас (31) и сопругот (35) сме во брак 3 години. Не ги делиме трошоците. Јас не барам пари од него за лични работи, а истото важи и за него. Имаме заедничка заштеда само за итни случаи.
Минатиот месец сакав да си купам фустан за венчавката на сестра ми и немав доволно пари. Му се јавив на сопругот и му побарав околу 200 долари, но тој одби да ми даде и покрај тоа што ги имаше парите. Бев разочарана бидејќи на крај купив поевтин фустан, но не направив проблем од тоа ниту се расправав со него.
Пред неколку недели, сопругот имаше сообраќајка. Не беше ништо сериозно, но си го повреди коленото. Тој ме праша дали може да му помогнам со сметките во болница бидејќи не очекувал да остане толку долго на боледување, но јас одбив. Ме молеше, но ја му реков не.
Тој почна да ме обвинува бидејќи сум имала пари и станувало збор за итен случај. Јас му реков дека неговата неодговорност, без разлика дали со возење или со пари, не е мој проблем. На крај, тој зеде пари од мајка му – таа ја плати целата сметка и потоа ме критикуваше бидејќи не сакав да му дадам пари.
Имав расправија со сопругот и му реков дека не е во ред што очекува јас да платам за него, а тој не сакаше да го направи истото за мене кога ми требаше фустан.
Тогаш тој ме нарече луда и рече дека за разлика од ситуацијата со фустанот, ова навистина било итен случај. Неколку дена не зборувавме и уште ми е лут.
Дали погрешив? Сметам дека само се држев до нашиот договор да не ги делиме трошоците“.
Веројатно претпоставувате дека сите форумџии ја критикуваат жената:
„Зошто воопшто сте се венчале?“
„Во бракот треба да соработувате, а не да бидете еден против друг“.
„Зарем вие сте само цимери кои имаат секс? Сметам дека нема ништо лошо во тоа да имате одделни финансии, но ова е веќе лудо“.
„Според мене, ти си лоша личност. Си се налутила бидејќи не си можела да купиш поскап фустан, па му се одмаздуваш на сопругот кој навистина е соочен со итен случај“.
„Лежењето во болница е итен случај. Купувањето фустан не е. Мислам дека ова кажува сè“.
„На хартија, тие се во брак. Во реалноста, тие се ужасни луѓе кои живеат заедно и водат војна“.
Што мислите вие - дали жената постапила правилно?
Спирова С. | Црнобело