„Ве молам не ја ставајте Мини Маус во панталони“ – Дизни жестоко ги разлути твитерџиите со еден потег
- Детали
- петок, 28 јануари 2022
Мини повеќе не е во црвено фустанче со точки и жолти чевлички, како изминативе речиси 100 години - сега е во сино одело со црни чевли, како симбол на прогресот на новата генерација. „Што е следно, таа ќе транзитира во Мајкл или Мики за да може целосно да се изрази себеси?“, гласи еден од коментарите на изреволтираните твитерџии.
Дизни стана мета на жестоки критики откако го промовираше новиот изглед на Мини Маус, саканиот женски анимиран лик, препознатлив по црвеното фустанче со точки.
Сега, фустанчето на Мини е заменето со „прогресивен“ стајлинг, односно Мини е облечена во костим дизајниран од страна на Стела МекКартни.
Одговорните од „Disneyland Paris“ објавија дека новиот стајлинг на ликот е во чест на 30-тата годишнина на тематскиот парк.
Но, само што беше објавена фотографијата, имаше лавина од негативни реакции од твитерџиите.
фото: Твитер
Мини, која е креирана пред речиси 100 години, односно во 1928 година во овој парк со години „се шета“ со црвено фустанче со точки, сè досега.
Сега, нејзиниот ауфит е со панталони, обоен во сино и со црни чевли, наместо жолтите чевлички на потпетица.
Во минатите две години Дизни прави прогресивни промени во целата компанија, како додавање на предупредувања за расизам во неколку од нивните анимирани филмови и низа други промени.
Последната во низата е оваа со Мини, која очигледно според многумина е погрешен потег, иако тие велат дека Мини Маус сега е симбол на прогресот на новата генерација.
Дел од реакциите на твитерџиите:
„Браво Дизни, ја претворивте Мини Маус во Хилари Клинтон.“
„Еј Дизни, сега додадете уште и хомосексуални моменти во приказната и дадете им на вашите вработени плата од која ќе можат да живеат.“
„Што е следно, таа ќе транзитира во Мајкл или Мики за да може целосно да се изрази себеси?“
„Променивте дизајн стар речиси 100 години...“
„Ве молам не ја ставајте Мини во костим!“
„Мини во костим изгледа како Мики во костим.“
„Од ова навистина немаше потреба, гледајте како светот сега оди напред само затоа што ја облековте Мини во костим.“
Што мислите вие за овој потег на Дизни?
С. С. | Црнобело