Момче со шизофренија открива како изгледа неговото секојдневие: „Се чувствувам како некој постојано да ме следи“

„Да имаш шизофренија е исто како во твојата глава да имаш хотел полн со луѓе. Нема ден да не ги почувствувам халуцинациите. Некогаш ми се случува да вкусам работи што ги нема. Некогаш чувствувам мириси што не се присутни...“ – појаснува 25-годишно момче од Канада кое 9 години се бори со психолошко нарушување.

momche-so-shizofrenija-otkriva-kako-izgleda-negovoto-sekojdnevie-se-chuvstvuvam-kako-nekoj-postojano-da-me-sledi-01.jpg

Канаѓанецот Кристофер Гилберт Грант (25) веќе 9 години живее со шизофренија и биполарно нарушување, а на социјалните мрежи стекна голем број следбеници што редовно ги следат неговите симулации на шизофренија, преку кои имаат можност да видат како изгледа секојдневниот живот со ова психолошко нарушување.

Кристофер се обидува да ја демистифицира болеста и да покаже како изгледа секојдневието на човекот што постојано живее со голем број неприродни гласови во својата глава и често се соочува со халуцинации, сакајќи да прикаже во колкава мера тоа се разликува од она што го гледаме во холивудските филмови.

View this post on Instagram

A post shared by Christopher Grant (@xoradmagical)

Тој почна да објавува видеа во 2020-та година на ТикТок и досега има објавено над 1.000 постови во кои главно говори за неговиот живот со психолошките нарушувања, а го следат 1,3 милиони следбеници.

Кристофер е уметник и режисер кој заработува од својата уметност, а преку видеата сака да им покаже на луѓето како навистина изгледа неговиот живот.

Неговите симулации на шизофренија често опфаќаат негови карикатури и голем број неразбирливи гласови во заднина. 

Гласовите и ликовите што ги гледа во халуцанициите, се главна инспирација за неговите уметнички дела. Како што вели и самиот во едно од неговите видеа, тој не ги црта лицата, туку тие самите се цртаат.

„Да имаш шизофренија е исто како во твојата глава да имаш хотел полн со луѓе“ – појаснува тој.

Кристофер за првпат почнал да ги чувствува симптомите на нарушувањето на 16-годишна возраст, кога почнал да слуша гласови што никој друг не ги слуша и почнал да чувствува дека некој постојано го следи:

„Каде и да одев ми се чинеше дека некој ме гледа“ – открива за руски медиум и додава дека по ова станал повлечен и почнал да ја избегнува комуникацијата со луѓе.

На почетокот бил мошне гневен заради тоа што му се случува и во таквите мигови, дури и сам се удирал во главата за да ги стиши гласовите.

Во миговите кога сè уште не му биле дијагностицирани нарушувањата, а веќе се соочувал со првите симптоми, тој се плашел дека ќе ги загуби саканите луѓе, се откажал од студиите, па еден период живеел и како бездомник.

Сепак, по одреден период одлучил да се врати дома, по што бил хоспитализиран.

„Кога ми ја утврдија дијагнозата, моето семејство и саканите ме поддржаа, но беа значително уплашени.

Јас бев во многу полоша состојба отколку што сум сега. Беше тешко да се разговара со мене затоа што се плашев.

Се чувствував отфрлено, ги обвинував луѓето околу мене за сè и поради овој став, беше мошне тешко да почнам со психотерапија и самоприфаќање“ – вели тој.

По дијагнозата Кристофер одлучил да се врати на факултет, каде не ја криел сопствената состојба, а признава дека имало мигови кога добивал халуцинации на јавни места и на предавања, па често му се случувало поради нив да се крие под маса.

„Нема ден да не ги почувствувам халуцинациите. На пример, горе (во мојата куќа) има скали. Се чувствувам како нешто да ме набљудува оттаму.

Но, не е секогаш лошо. Понекогаш тоа чувство е исто со она кога некоја мачка те набљудува од непосредна близина“ – вели тој.

Едно од најчестите прашања што тој ги добива е дали му се случува да добива халицунации и кога е во позитивно окружување.

Халицунациите се најчести кога е сам, а ако не може да заспие поради присутните гласови тогаш пушта музика, што му помага да го тргне вниманието од нив. Сепак, гласовите не стивнуваат ниту кога спие.

@xoradmagical #schizophreniasimulator #hearingvoices #neurodivergent #schism #drawing #hallucination #schizoaffective #bipolar #psychosis #schizophrenia #art #3am ♬ original sound - XORAD

Понекогаш вели дека може да си го оттргне вниманието од постојаните симптоми на шизофренијата со телевизија, но често се случува сликите на телевизорот да се сменат и да се претворат во халуцинации.

Кристофер го користи својот талент за уметност и ги слика двата најчести карактери во сопствените халуцинации, Честер и Бертрам. Бертрам во неговите слики е олицетворение на ѓаволот, а Честер е насмеано лице.

Честер е позитивен глас што го поддржува и го поттикнува на позитивно однесување, го потсетува на важните работи.

„Честер ме охрабрува. На пример кога се соочувам со тешка ситуација, дури и во најтешките мигови, тој ќе се јави и ќе каже:

’Еј. Знаеш лошото со коешто се соочуваш секогаш има и светла страна. Никогаш ништо не е во целост темно. Секогаш има нешто што можеш да научиш од која било ситуација‘.

Јас му велам: ’Во право си‘. Ги следам неговите совети и тоа ми помага да застанам на нозе“ – раскажува Кристофер.

Бертрам е целосна спротивставеност на Честер, што постојано му упатува критики и се обидува да го натера да прави лоши дела или да го направи самодеструктивен, но Кристофер вели дека сега научил навремено да го препознава влијанието на лошиот глас во неговата глава и веќе подолго време тој не претставува никаква закана.

„Некогаш ми се случува да вкусам работи што ги нема. Некогаш чувствувам мириси што не се присутни, а некогаш како да имам нешто под кожата.

Често ми се случува да се чешам затоа што чувствувам како низ телото да ми поминува струја, под кожата, внатре во телото“ – раскажува тој.

„Целото внимание се чини дека е свртено само кон хоророт од шизофренијата и оваа претстава е вградена во колективното несвесно, поради што луѓето што го немаат ова нарушување се плашат од него, а луѓето со шизофренија се плашат од сè околу нив“ – вели тој.

Кристофер вели дека ТикТок му помогнал да сфати дека не е сам и му помага да се изрази и без разлика на тоа што голем број луѓе не го разбираат неговото нарушување сепак, голем број од нив го поддржуваат.

Погледнете една од неговите симулации на шизофренија, во кои тој покажува како изгледа животот со оваа болест:

@xoradmagical #schizophreniasimulator #hearingvoices #neurodivergent #schism #drawing #hallucination #schizoaffective #bipolar #psychosis #schizophrenia #art #faces ♬ original sound - XORAD

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Јас сум плус-сајз девојка и сакам да патувам – плаќам за 2 седишта во авион, но се соочувам со крит... Инфлуенсерката Саибра е плус-сајз девојка која сака да патува и вели дека секојп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg