Две години од трагичната смрт – откриена статуа од Коби и ќерката Џиџи на местото на несреќата (фото)

По повод втората годишнина од смртта на Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка, на местото на хеликоптерската несреќа беше откриена статуа од нив двајца прегрнати. Артистот планира да ја поставува статуата на истото место секоја годишнина, како и за роденденот за Коби, а вели дека веќе работи на поголема верзија која ќе биде перманентно инсталирана.

dve-godini-od-tragichnata-smrt-otkriena-statua-od-kobi-i-kjerkata-dzidzi-na-mestoto-nanesrekjata-01.jpg

Поминаа две години од трагичната смрт на познатиот кошаркар Коби Брајант и неговата ќерка. Кошаркарот, 13-годишната Џиана (Џиџи) и уште шест лица загинаа во хеликоптерска несреќа која се случи на 26 јануари 2020 година.

По повод втората годишнина од тажниот настан, на местото на несреќата беше откриена статуа од кошаркарот и неговата ќерка. Статуата се наоѓа во планинската област на Калабасас во Лос Анџелес.

otkriena-statua-od-kobi-brajant-i-kjerka-mu-na-mestoto-na-nesrekjata-za-vtorata-godishnina-od-nivnata-tragichna-smrt-foto-10.jpg

otkriena-statua-od-kobi-brajant-i-kjerka-mu-na-mestoto-na-nesrekjata-za-vtorata-godishnina-od-nivnata-tragichna-smrt-foto-02.jpg

Статуата на Коби го „носи“ дресот на Lakers со бројот 24, а до него стои Џиана која држи баскет. На скулптурата се изгравирани имињата на сите загинати, како и зборовите:

„Хероите доаѓаат и си одат, но легендите остануваат засекогаш“.

otkriena-statua-od-kobi-brajant-i-kjerka-mu-na-mestoto-na-nesrekjata-za-vtorata-godishnina-od-nivnata-tragichna-smrt-foto-07.jpg

Според артистот Ден Медина скулптурата ќе остане на местото на несреќата во текот на целиот ден, но нема постојано да биде таму. Скулпторот откри дека планира да ја поставува статуата на местото на трагедија на секоја годишнина, како и на роденденот на кошаркарот.

otkriena-statua-od-kobi-brajant-i-kjerka-mu-na-mestoto-na-nesrekjata-za-vtorata-godishnina-od-nivnata-tragichna-smrt-foto-09.jpg

Тој сподели и дека работи на иста статуа со реална големина која ќе биде висока околу 2 метри.

„Сметам дека нешто вакво треба да биде перманентно. Сакам да ја донирам и да најдам начин да биде перманентно на ова место“, вели артистот за TMZ Sports.

Скулпторот вели дека кога последен пат го посетил местото на несреќата, видел само карпи и цвеќе оставено од фановите, но смета дека Коби и Џиана, како и сите загинати заслужуваат многу повеќе.

otkriena-statua-od-kobi-brajant-i-kjerka-mu-na-mestoto-na-nesrekjata-za-vtorata-godishnina-od-nivnata-tragichna-smrt-foto-08.jpg

Скулпторот лично го познавал Коби и вели дека бил многу повеќе од кошаркар - бил истакнат интелектуалец, добар музичар и одличен татко.

„Секојпат кога ќе прочиташе книга, се обидуваше да го контактира авторот. Зборуваше многу јазици, а сам научи како да свири пијано“.

Засега сопругата на Коби нема споделено ништо за годишнината од смртта, но социјалните мрежи се преплавени со пораки од фановите, колегите и пријателите на кошаркарот.

otkriena-statua-od-kobi-brajant-i-kjerka-mu-na-mestoto-na-nesrekjata-za-vtorata-godishnina-od-nivnata-tragichna-smrt-foto-04.jpg

Коби Брајант имаше 41 година на денот на смртта и на кобниот ден со ќерка му Џиана оделе на турнир во кошарка за млади. Хеликоптерот се сруши откако пилотот налетал на густа магла и удрил во околните ридови.

Според досегашните наоди, најверојатно пилотот бил одговорен за несреќата бидејќи донел неколку погрешни одлуки.

Сопругата на Коби, Ванеса, започна тужба против неколку полицајци кои наводно споделувале и покажувале фотографии од местото на несреќата и сега бара оштета од нив. Судењето е закажано за 22 февруари годинава.

otkriena-statua-od-kobi-brajant-i-kjerka-mu-na-mestoto-na-nesrekjata-za-vtorata-godishnina-od-nivnata-tragichna-smrt-foto-05.jpg

Поради ова, Ванеса стравуваше дека онлајн ќе почнат да се објавуваат фотографии на кои се гледаат мртвите тела на нејзиниот сопруг и нејзината ќерка.

otkriena-statua-od-kobi-brajant-i-kjerka-mu-na-mestoto-na-nesrekjata-za-vtorata-godishnina-od-nivnata-tragichna-smrt-foto-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Поголемата ќерка ја доела до 6 години, а помалата ќерка (3) сè уште ја дои - Мајка од Романија стана... „Јас моите ќерки не ги одбивам од доење, им давам сè додека тие не посакаат да с...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg