„Мислат дека сум глупава поради професијата“ – модел со IQ 136 вели дека мажите се плашат од нејзината интелигенција
- Детали
- недела, 27 јуни 2021
Кендис Клос со IQ 136 е член на Менса, а работи како модел за Only Fans и вели дека сите ја потценуваат поради професијата. Парите од платформата планира да ги вложи во недвижнини и се надева дека наскоро ќе може да заработува од тоа.
Кендис Клос од Њујорк има IQ 136 и е член на Менса, но вели дека обично го крие овој податок за неа бидејќи мажите се „исплашени“ од нејзината интелигенција. Таа двапати се запишала на факултет, но се откажала и сега заработува како модел на Only Fans.
Уште во основно Кендис се истакнувала над другите ученици, особено по предмети како математика и физика. На само 8-годишна возраст го запомнила целиот периоден систем на елементи, и тоа само од забава.
Но, бидејќи Кендис работи како модел, вели дека луѓето обично го потценуваат нејзиниот интелект, само поради професијата.
Убавата девојка има IQ од 135 и е член на Менса од 17-годишна возраст. За споредба, според IQ скалата, коефициентот од 120 до 140 се смета за „многу супериорна интелигенција“, а оние со IQ над 140 се генијалци. Што значи, на некој начин, Кендис е речиси генијалец.
Само 2% од луѓето ширум светот имаат IQ повисок од Кендис.
„Обично не им кажувам на луѓето за ова. Некои мои пријатели знаат, но бидејќи сме блиски, ова не им го менува мислењето за мене. Но, мажите се многу изненадени кога ќе дознаат. На некои им е секси, но некои, поради некоја причина, се плашат“.
Кендис вели дека никогаш немала проблеми со училиштето, но додека растела била многу срамежлива.
„Имав неколку пријатели кои исто така учеа многу, но другите често ме исмејуваа бидејќи бев поразлична. Сега имам поголема самодоверба, но уште сум срамежлива, па сè уште сум изненадена од тоа што некои мажи мислат дека сум секси“.
На 17-годишна возраст, Кендис почнала да студира психологија на Универзитетот во Масачусетс. Но, набрзо потоа добила можност да работи како агент за недвижнини, а бидејќи ѝ биле потребни пари, се отпишала.
„Родителите беа загрижени кога се отпишав. Но, со текот на времето сфатија дека сум среќна и дека овој бизнис ми оди добро“.
По некое време Кендис сакала да се врати на факултет, но и овојпат се појавило нешто што ја премислило – нејзина пријателка ѝ предложила да си направи профил на Only Fans.
Кендис признава дека долго размислувала дали повторно да се откаже од студиите за кариера како модел, а вели дека можноста за поголема заработка е најголемата причина за нејзина конечна одлука.
Тој период имала финансиски проблеми, па така, Кендис уште еднаш кренала раце од факултетот и почнала да прави ексклузивни фотографии за нејзините следбеници на платформата. Сега, една година откако го направила профилот, вели дека заработува и до 20.000 долари месечно.
Таа има и Инстаграм профил со над 8.000 следбеници, но нема аспирации да стане и инфлуенсерка, па нејзиниот профил е приватен.
Моделот вели дека нејзиниот живот дефинитивно тргнал во неочекувана насока, но барем ѝ се допаѓа слободата што ја има.
„Навистина сакам да работам и да се соочувам со предизвици, но од друга страна сакам да се релаксирам и да се забавувам“.
За професијата како модел вели дека ѝ е едноставна, бидејќи може да направи неколку фотографии кога е расположена за тоа, а потоа има многу слободно време. Не секој може да го прифати ова како позитивно, но таа е задоволна.
Кендис планира во иднина да го искористи искуството од периодот кога работела како агент за недвижнини – со заработката сака да купи недвижнини и да почне да ги продава или изнајмува.
„Целта ми е да купам многу недвижнини и да имам повеќе време за патување. Станав многу поодговорна со финансиите и инвестициите, а од ова имам дополнителни приходи“.
Кендис е свесна дека нејзината сегашна професија можеби не е најдобриот избор, но се надева дека наскоро ќе може целосно да му се посвети на бизнисот со недвижнини.
Спирова С. | Црнобело