Дечко сакал со лажни фотографии да се додворува на девојки на Тиндер – Кој детаљ го разоткри?

„Ако сакате да лажете на Тиндер, не правете ја оваа 'почетничка' грешка“ - вели оваа жена, која на социјалните мрежи разоткрива како веднаш сфатила дека мажот што ја контактирал на апликацијата за состанување лажно се претставува.

dechko-so-lazhni-fotografii-sakal-da-se-dodvoruva-na-devojki-na-tinder-koj-detalj-go-razotkri-01.jpg

Постојат луѓе што на апликациите за состанување ја бараат својата сродна душа, но постојат и такви што се обидуваат со лажни фотографии и профили да се додворуваат на девојки.

Со оглед на тоа што технологијата оди напред, голем број од луѓето што се претставуваат лажно на интернет мора да преземат посериозни чекори за да ги сокријат сопствените траги, а овој маж беше веднаш разоткриен, затоа што направил „почетничка“ грешка.

dechko-so-lazhni-fotografii-sakal-da-se-dodvoruva-na-devojki-na-tinder-koj-detalj-go-razotkri-03.jpg

Можеби на прв поглед нема да воочите која е грешката на овој маж, но затоа Австралијанката Танит Грегори на нејзиниот ТикТок профил објави видео во кое го разоткрива измамникот и обрнува внимание на неговата грешка.

Како што вели, тој направил „мрзелив обид за лажно претставување“.

„Ако вложувате труд за лажно да се претставувате на Тиндер, барем отстранете го делот на фотографиите каде што се гледа дека фотографиите сте ги нашле на Google“ - вели таа.

dechko-so-lazhni-fotografii-sakal-da-se-dodvoruva-na-devojki-na-tinder-koj-detalj-go-razotkri-02.jpg

Имено, човекот што се претставил како Ендрју (48), имал солидно уреден профил на Тиндер, имал објавено повеќе фотографии на страната, јавно си ги кажал годините, а себеси се опишал како „забавен и лојален“, но еден мал детаљ разоткрил дека лажно се претставува.

Ако погледнете најгоре во фотографијата што Танит Грегори ја објави на ТикТок, ќе видите дека Ендрју направил скриншот на фотографијата што ја нашол на Google, но кога ги објавувал фотографиите заборавил да ја отстрани алатката на Google пребарувачот каде пишува: Tim Johnson model.

Видеото таа го наслови „како да не се претставувате лажно 101“, а е прегледано над 340.000 пати.

Погледнете за што се работи:

@tanithgregory How NOT to catfish 101 ??‍♀️ #tinder #tinderfail #datingappfail #fyp #catfish ♬ original sound - Tanith Gregory

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Се школувал под лажно име, не смеел сам да оди ни во тоалет: Тажниот живот на синот на Доналд и Мела... По барање на мајка му Меланија, неговото име и лик не смееле да се спомнат на со...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Има хрватски корени и свој моден бренд: Што знаеме за убавицата која се омажи за принцот од Брунеи? Аниша Иса Калебиќ (29), се омажи за Абдул Матин (32), синот на најбогатиот султа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg