Фитнес тренер намерно качил 25kg за да види како им е на клиентите: „Добив стрии, ми се намали либидото, немав мотивација“

Личен тренер од Англија намерно се здебелил цели 25 килограми за време на карантинот на почетокот од пандемијата, за да може да ги сфати покрупните луѓе и тоа како тие се чувствуваат. Една година подоцна, тој повторно се „врати во форма“, а целиот процес го документира на социјалните мрежи.

Trener-namerno-kachil-25-kilogrami-za-da-vidi-kako-im-e-na-klientite-dobiv-strii-mi-se-namali-libidoto-nemav-motivacija-01.jpg

Ендрју Робертс (23) од Манчестер, престанал да вежба и почнал да се храни со нездрава храна.

Наместо да вежба по пет пати неделно и да консумира околу 2.000 калории здрава веганска храна секојдневно, тој почнал да внесува над 5.000 калории дневно од нездрава „брза“ веганска храна.

Тој успеал да стигне до тежина од околу 100 kg што е 25 kg повеќе од неговата вообичаена тежина. Масното ткиво на неговото тело се зголемило од вообичаените 10% на 27,4%.

Тој го споделува напредокот на социјалните мрежи за да покаже како вежбањето и здравата веганска исхрана може да го трансформираат телото.

„Кога почнав да го правам ова не очекував дека ќе качам толку многу килограми и не можам да лажам, навистина сум шокиран кога ќе видам колку поразлично изгледав пред шест месеци.

Досега навистина ова беше тешко патување што ме тестираше и физички и психички, но навистина сум среќен што го направив ова затоа што научив многу. Не се сомневам дека следните шест месеци ќе бидат тешки како и минатите шест, ако не и потешки, но подготвен сум да дадам сè од себе“ – кажа тој тогаш.

Trener-namerno-kachil-25-kilogrami-za-da-vidi-kako-im-e-na-klientite-dobiv-strii-mi-se-namali-libidoto-nemav-motivacija-02.jpg

Тој додава дека покачените килограми влијаеле врз неговото либидо, добил стрии на бутовите, почнал да ’рчи, имал болки во грбот, а влијаеле и на неговото расположение и на мотивацијата.

Дополнително бил преплашен кога бил пренесен во болница затоа што чувствувал болки во пределот на срцето, во раката и ногата, но за среќа не било ништо сериозно.

Trener-namerno-kachil-25-kilogrami-za-da-vidi-kako-im-e-na-klientite-dobiv-strii-mi-se-namali-libidoto-nemav-motivacija-03.jpg

Ендрју живее заедно со неговата девојка, Џес Каролан (25). Како што вели, не ѝ се допаѓал „стресот“ што тој му го приредувал на сопственото тело, но сепак, цело време му давала поддршка. 

Една година подоцна, тој повторно се врати во форма и изгледа одлично, а докажа дека со желба и упорност, нема нешто што не е возможно. 

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имав 338kg, сопругот ме остави кога ослабев, но денес сум среќна мајка на 3 деца“ Од нозете ѝ биле извадени 40 килограми масти. Сопругот ја напуштил кога ослабела...
Мајка на девојче (13) кое било спасено од принуден брак со братучед: „Сопругот нѐ измами“ „Во август минатата година отидовме во Пакистан на одмор, а таму, сопругот нѐ из...
„Добив сепса додека бевме на одмор - мораа да ми ги ампутираат и рацете и нозете за да ме спасат“ „По девет недели во кома, лекарите ме разбудија. Најпрво бев во делириум и кажув...
„Од Англија се преселив во Бугарија – конечно си ја купив куќата од соништата“ (видео) Британка која со семејството се преселила во Бугарија вели дека платила 26.000 е...
„Имам ретко генетско нарушување: Последен пат јадев пред 4 години, не смеам да пијам вода“ „Што и да правам, мојот ден запира во 16 часот - мора да сум дома за да примам и...
На 4 години го избркале од дома, 2 години живеел со улични кучиња – Неверојатна приказна на момче од... Момчето на 4 години било избркано од дома, а било спасено од улични кучиња кои м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg