Погребот на дедо Филип ги зближи повторно – Браќата Хари и Вилијам заедно со Кејт како во старите времиња
- Детали
- недела, 18 април 2021
Глетка која би им ги стоплила срцата на принцот Филип и Дијана – браќата повторно чекорат еден до друг по 1 година заладени односи и ривалство, а Кејт мудро се повлече за да ги остави насамо.
Иако кралицата нареди во поворката принцовите Вилијам и Хари да бидат одвоени со нивниот братучед помеѓу нив, сепак по церемонијата браќата се обединија и чекореа заедно како во старите добри времиња.
Во минатото, пред Хари да ја најде својата избраничка Меган Маркл, тој беше многу близок со неговиот брат Вилијам и со Кејт Мидлтон, а триото можеше да се забележи заедно речиси на секој настан.
Со последните случувања, нивните односи се заладија, а откако Хари и Меган се откажаа од кралските должности и се преселија во САД, ривалството почна да станува позабележливо.
Интервјуто кое Меган и Хари го имаа неодамна во шоуто на Опра дополнително додаде масло на оганот, а токму таму тој изјави дека односите со неговиот брат Вилијам се заладени.
Прочитајте повеќе: Загриженост на семејството за бојата на кожата на бебето, тајна венчавка – Што сè открија Меган и Хари во шокантното интервју кај Опра?
Сепак, погребот на нивниот дедо Филип повторно ги обедини браќата, а фановите на кралското семејство беа трогнати кога по една година повторно ги видоа Хари, Вилијам и Кејт како чекорат заедно и си разговараат како во старите времиња.
Во еден момент, Кејт мудро се повлече и им остави простор на браќата да останат насамо и да си разговараат додека чекорат.
Фотографии кои би им го стопиле срцето на принцезата Дијана и на принцот Филип - браќата повторно обединети:
Погледнете и Последно испраќање на принцот Филип – започна церемонијата со сите кралски протоколи (фото+видео)
М. М. | Црнобело