Факти за „тајното“ дете на Владимир Путин, Луиза Розова: Мајка ѝ води клуб со еротски шоуа, наполни 18 години
- Детали
- понеделник, 08 март 2021
Мајка ѝ наводно била љубовница на Владимир Путин која некогаш работела како хигиеничарка, а сега има повеќе од 88 милиони евра на сметката.
Луиза Розова исто така позната како Елизавета Кривоногих е 18-годишна девојка за која веќе извесен период кружат гласини дека е тајна ќерка на рускиот претседател Владимир Путин.
Сега, таа го славеше својот 18-ти роденден со диџеј во познат руски клуб и според извори, наводно за првпат била видена како се вози во официјален автомобил на владата на Русија.
Луиза на роденденот наводно имала некој супер таен гостин, за кој се смета дека е Путин, но нема точни информации.
68-годишниот руски лидер никогаш нема проговорено за неа, но од пред 4 месеци интензивно се пишува за нејзиното постоење.
Гласините велат дека Путин ја добил Луиза со Светлана Кривоногих (45), која се вели дека е хигиеничарка што станала милионерка, која поседува ноќен клуб во кој се изведуваат еротски шоуа.
Светлана Кривоногих
Експерт за компјутерска визуелицација, Хасан Угаил, по детална анализа тврди дека нејзиното лице има неверојатна сличност со лицето на рускиот претседател.
Нејзината мајка Светлана наводно била љубовница на Путин кон крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите години.
Светлана сега има богатство од 88 милиони евра во кое се вклучени низа вредни недвижни имоти, како и акции на берзата, чија наследничка е Луиза.
Инаку, идентитетот на Луиза го открија политичките ривали на Путин, а таа изјави дека ѝ се допаѓа што е во фокусот на вниманието. Сепак, ниту потврди, ниту одрече дека рускиот претседател ѝ е татко.
Путин има две возрасни ќерки, Мариа (35) и Катерина (34) од бракот со првата дама на Русија Људмила Путина, кој заврши со развод во 2013 година.
Инаку, Путин во најголем дел од животот го поврзуваат со руската гиманстичарка Алина Кабаева (37) за со која исто така се смета дека има деца добиени во тајност.