„Никогаш посреќна“: Меланија Трамп слета во Флорида со шик фустан и балетанки + зошто беше критикувана?
- Детали
- четврток, 21 јануари 2021
Белата куќа и Вашингтон ги напушти како прва дама со елегантен, црн аутфит и високи штикли, а на Флорида слета насмеана, во колоритен фустан и балетанки, но доби и критики за грешка која ја направила со персоналот на заминување.
Доналд и Меланија Трамп го напуштија Вашингтон пред инаугурацијата на Џо Бајден, одбивајќи да присуствуваат на настанот и да се сретнат со него.
Откако за последен пат ја напуштија Белата куќа, тие се упатија во база во Мериленд, каде Трамп го одржа последниот говор на церемонија.
Меланија го напушти Вашингтон за последен пат како прва дама, облечена во елегантен, црн аутфит од глава до пети, со Louboutin високи потпетици и Hermes Birkin чанта од 70.000 долари.
На слетувањето во Флорида, каде Трамп ќе се пензионира и ќе живеат релаксиран живот, Меланија изненади со промена на аутфитот.
Облечена во шик, колоритен фустан на Gucci, таа мамеше воздишки, а конечно се спушти од високите потпетици на балетанки.
Сепак, и покрај восхитот за модните појавувања во изминатите 4 години, таа доби критики за нејзините (не)одговорности како прва дама.
Во Белата куќа е долгогодишна традиција, првата дама да им остави лични пораки на сите членови на персоналот кои се грижеле за нејзиното семејство во мандатот.
Очигледно за Меланија и тоа било премногу работа, па ја препуштила на некој од пониските нивоа во персоналот, а на крај само ги потпишала пораките.
Според изворите на светските медиуми, таа не била воопшто тажна во изминатиот период што ќе ја напушти Белата куќа, а велат дека никогаш не била посреќна како на слетувањето во Флорида.
Фотки од Меланија во Флорида:
М. М. | Црнобело