Тежи над 228.000 тони - Како изгледа најголемиот крузер на светот, „Симфонија на морињата“?
- Детали
- сабота, 28 јануари 2023
Ако страдате од клаустрофобија и најголем кошмар ви е да сте заглавени со илјадници други луѓе на сред океан, овој брод можеби ќе ви го промени мислењето.
Symphony of the Seas на Royal Carribean има 23 ресторани, 42 барови, 24 базени, тобогани и други атракции.
Патниците може да уживаат во возење со кочија, вечерни перформанси на три сцени, плажа, продавница за сладолед и 100 видови слатки, како и забава од типот на ласер таг и соба за бегство.
Не е чудно што овој брод има толкав капацитет - тежи 228.081 тони и биле потребни три години и 4.700 градежни работници за да се создаде.
Има 6.680 сместувачки капацитети, односно 2.787 соби, меѓу кои и апартман на два ката со внатрешен тобоган, приватно кино, лего ѕид и тераса.
Ова чудовиште моментално плови низ Карибите и Бахамите.