Девојка што остана неподвижна по незгода, се омажи за физиотерапевтот и патува низ светот

„Јас сум Џулија, без разлика што по незгодата останав врзана за инвалидска количка, нема да престанам да патувам, тоа прави да се чувствувам слободна.“

devojka-shto-ostana-nepodvizhna-po-nezgoda-se-omazhi-za-fizioterapevtot-i-patuva-niz-svetot-01.jpg

Психологот Џулија Ламарка (27) од Италија се возела со својот мотор по патот кој го возела изминатите 5 години, но тркалото ѝ се излизгало и имала незгода.

Таа добила оштетен пршлен и прогноза да го мине животот во инвалидска количка. Имала сериозна операција и морала да остане во болница цела година за да има по 2 сесии физиотерапија 5 пати во неделата.

devojka-shto-ostana-nepodvizhna-po-nezgoda-se-omazhi-za-fizioterapevtot-i-patuva-niz-svetot-02.jpg

За време на рехабилитацијата, го запознала нејзиниот физиотерапевт Андреа Декарлини со кој минала огромен број на часови работејќи на закрепнувањето од повредата.

И покрај повредата Џулија во болницата кажувала шеги секој ден и се обидувала да остане позитивна.

devojka-shto-ostana-nepodvizhna-po-nezgoda-se-omazhi-za-fizioterapevtot-i-patuva-niz-svetot-05.jpg

Андреа ја освоил Џулија кога во болницата ѝ оставил порака со потпис „од личноста што те знае најдобро“.

Двајцата се вљубиле и стапиле во брак 5 години по несреќата.

devojka-shto-ostana-nepodvizhna-po-nezgoda-se-omazhi-za-fizioterapevtot-i-patuva-niz-svetot-04.jpg

Сега, Џулија и Андреа патуваат низ светот заедно и планираат еден ден да имаат дечиња. Џулија на сите им порачува дека ништо не смее да ве спречи да уживате во животот до максимум, затоа што неа не ја спречува ниту тоа што е врзана за количка.

Од 2011 година до сега парот има минато 23 земји и не планира да сопре.

devojka-shto-ostana-nepodvizhna-po-nezgoda-se-omazhi-za-fizioterapevtot-i-patuva-niz-svetot-03.jpgС. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка отиде на соло меден месец, откако ѝ починал свршеникот - на 1 месец пред свадбата Лора од Канада одлучила да замине на планираниот меден месец, иако соло, за да в...
Девојка од Австралија 12 години патува сама низ светот и спие бесплатно по хотели (фото) „Животот ме одведе во хотели со 5 ѕвезди, летови со прва класа, најубави рестора...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Ме прогонува“ - Бизарна маица со принт од свиња го згрози светот „Оваа страшна маица ме прогонува“ е еден од коментарите за маицата која ги подел...
Дечко ја убил бившата девојка 2 дена пред нејзиното дипломирање: Убиството што ги потресе Италија и ... Минатата недела, илјадници Италијанци протестираа барајќи поголема заштита за же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg