На Санторини стапи на сила забрана - дебелите туристи не смеат да јаваат магариња
- Детали
- среда, 10 октомври 2018
Акциите за поткренување на јавната свест родија со плод и грчката влада застана во одбрана на правата на животните.
Грчката влада стави ограничување за максималната тежина на туристите на кои им е дозволено да јаваат магариња.
Ова особено се практикува на островот Санторини, каде магарињата треба да ги качуваат туристите по стрмните скали.
За доброто на животните грчката влада ограничи туристите потешки од 100 килограми да не смеат да јаваат магариња. Тежината на туристот не смее да надмине една петина од тежината на магарето. Здравјето на животните е на прво место.
Магарињата мора да добиваат соодветна нега и храна, а организацијата за правата на животните ПЕТА дури имаше спроведено кампања за поткревање на јавната свест „Donkeys on Santorini Abused and Used as Taxis: Please Help Them!“.
С. С. | Црнобело