Жена чувана како затвореник од нејзиниот сопруг
- Детали
- понеделник, 01 декември 2008
Жена во Италија била чувана како затвореник во нејзиниот сопствен дом од страна на нејзиниот сопруг цели 50 години, открива полицијата. На жената и било...
...дозволено да излегува надвор само во присуство на нејзиниот сопруг и не и било дозволено да разговара со никого.
Таа ги алармирала луѓето за нејзината состојба кога била примена во болница, која се наоѓала неколку километри од нејзиниот дом.
Таа им кажала на лекарите дека нејзиниот љубоморен сопруг ја чува како затвореник во нивниот дом од денот на нивната венчавка во 1958 година.
Парот кој не бил идентификуван се и двајцата во нивните 70-ти години и се верува дека имаат две возрасни деца.
Нејзиниот сопруг ја затворал својата сопруга и дури не и дозволувал да гледа телевизија.
Портпаролот на полицијата изјавил дека мажот ја чувал неговата сопруга како затвореник, така што кога тој излегувал од нивниот дом дури и ја заклучувал вратата и прозорците.
Исто така портпаролот изјавил дека ова преставувало една многу тажна случка каде што животот на една жена бил претворен во мизерија од страна на нејзиниот сопруг.
Инспекторот од локалната полиција побарал сопругот да биде однесен во некоја безбедносна установа додека истрагата не заврши.