6-месечно бебе влезе во Гинисовата книга: Не може да оди, ама скија на вода
- Детали
- петок, 27 мај 2016
Најмалите секогаш успеваат да нè изненадат со некој талент за кој повеќе од очигледно се надарени уште од самото раѓање.
Таков пример е и 6-месечната Зајла Сент Онге од Флорида.
Можеби сè уште не може да оди, но затоа дефинитивно може да скија на вода. 6-месечната Зајла Сент Онге од Флорида е најмладата личност која некогаш скијала на вода.
На социјалните мрежи се појави видео, објавено од страна на „World Barefoot Center“ од Флорида, во кое се прикажува најмлада скијачка на вода која го скрши рекордот и влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Таа на своите 6 месеци со розов елек за спасување и поддршка од своите родители помина 209.2 метри по втор обид и така го надмина рекордот на Паркс Бонифеј која беше стара само 6 месеци и 29 дена.
Н. Г. | Црнобело