Во Франција отворен првиот тематски парк посветен на виното (фото)
- Детали
- четврток, 26 мај 2016
После 7 години изградба, La Cité du Vin или градот на виното, е мега проект кој всушност е вински тематски парк за будење на сетилата на возрасните.
Лоциран е на брегот на реката Garonne, во областа Bassins à Flot , околу 5ипол часа возење или час и половина лет од Париз, а првпат ќе биде отворен на 1-ви јуни 2016-та.
Овој Дизниленд за возрасни чини $91 милион долари и предвидено е да има 20 тематски уредени простории, аудиториум со 250 седишта и вистински тематски парк каде има и симулација на возење со брод.
Секако, најважното - винските сесии за дегустирање секој посетител може да ги доживее додека ужива во панорамската глетка од Белведере винскиот салон, рестораните, баровите и продавничките кои нудат вински сорти од над 80 земји.
Дур има место посветено за мамурните - голем кадифен стол каде седите и слушате познати приказни за опиеноста.
Само дел од тоа како ќе изгледа овој вински рај:
М. Д. | Црнобело