Полицаецот кој спасил девојче од пожар, по 18 години ја прославува нејзината дипломска
- Детали
- петок, 20 мај 2016
Полицаецот Петар Гетц ја спасил Џозабел Апонте од сигурна смрт кога имала само 5 години, а сега по цели 18 години повторно се сретнуваат.
Џозабел имала само 5 години во 1998-та година, кога избил пожар во нејзиниот дом во Конектикат, а за тој настан, сведочи моќната фотографија каде, сега пензионираниот полицаец, ја носи онесвестена во раце.
„За малку ќе сум умрела и немаше да бидам овде, ако не беше овој човек покрај мене, добив втора шанса за живот“ - вели пресреќната девојка.
„Постојат само неколку важни моменти во животот, а тие моменти сакам да ги споделам со сите оние кои ви се важни, кои биле тука за мене кога најмногу ми требале и кои ми помогнале во тешките времиња“ - додава таа.
Токму од таа причина, решила да го покани на својата дипломска и човекот без кој сега таа воопшто не би постоела.
Н. Г. | Црнобело