Peugeot реклама која ги налути Србите: Зошто мајката на Новак Ѓоковиќ не знае српски?
- Детали
- петок, 20 мај 2016
Неодамна се појави нова реклама на француската компанија за производство на автомобили „Peugeot“ каде имаме можност да погледнеме што се „случувало“ во детството на Новак Ѓоковиќ, светскиот број 1 тенисер.
И додека многумина очекуваат токму Ѓоковиќ да биде оној кој ќе направи некаква лудорија по која сите слатко ќе се смееме, овојпат грешката заради која сите се смеат на автомобилската компанија е во режирањето на самата реклама.
Рекламата е направена специјално за отворањето на Роланд Гарос и во неа го гледаме малиот Ѓоковиќ кој едноставно не е талентиран за виолина, но некако случајно во неговиот живот долетува тениско топче и му ја покажува неговата вистинска пасија во животот.
Одлична идеја, но со една грешка, изборот на актерка која ќе ја глуми мајката на Ѓоковиќ. Ако подобро ја слушнете мајката во видеото, ќе забележите дека не само што не го владее јазикот, туку и дека воопшто не се подготвила за улогата.
По ова дури и мајката на Ѓоковиќ негативно реагираше што воопшто не се консултирале барем со семејството.
„Кампањата веќе е објавена, а не се консултираа со нас, мислам дека ќе беше подобро да го направат тоа...“ - вели Немања Живојновиќ, маркетинг директорот на Euroimpex Autogroup, генералниот застапник на Peugeot автомобили за Србија.
Н. Г. | Црнобело