Колега ѝ подаде наметка на метео презентерка во живо затоа што била непристојно облечена (видео)
- Детали
- понеделник, 16 мај 2016
Илјадници жени ширум светот го напаѓаат презентерот на телевизијата KTLA, по понижувањето кое и го приреди на својата колешка.
Крис Бурос е името кое сите жени го навредуваат, иако се извини по настанатиот екцес во живо.
Додека метео презентерката води временска прогноза, извештајот го прекинува со „Што се случува? Сакаш да го облечам ова? Затоа што е ладно?“ скептично прашува.
„Добиваме многу мејлови... Повели,“ гласи одговорот од маж во позадина кој и подава сива кошула како наметка.
Wow! Male @KTLA anchor humiliates meteorologist, forces her to cover her dress: "We’re getting a lot of emails" pic.twitter.com/xU7hbCiwer
— Pop Crave (@PopCrave) May 15, 2016
Не требаше многу време за видеото да се прошири вирално...
М. Д. | Црнобело