Како изгледа детството на улиците во Бангладеш?
- Детали
- вторник, 10 мај 2016
Бангладеш е јужно Азиска земја сместена меѓу Индија и Мјанмар. Таа е позната по своите реки, топлите и влажни лета и неизмерно преполниот град Дака.
Таа е исто така, позната и по големата и неконтролирана сиромаштија. Уште од 2010-та година, тука живеат 47 милиони луѓе во потполна сиромаштија, а она што е најмногу вознемирува е тоа што половина од тие луѓе се всушност деца.
Овие деца не само што се борат да ги задоволат основните потреби, туку се и остро дискриминирани и се третираат како непријатност.
„Тие се заборавените деца на Бангладеш“ - вели еден претставник на организацијата „Save the Children“.
„Често се исклучени од целокупната општествена организација и голем дел од нив се соочуваат со дискриминација, без можност да одат на училиште, да најдат безбедно место за спиење или доволно вода и храна“ - додава.
Всушност, за овие деца 2,5 пати е поголема шансата да бидат одбиени од училиштата па на тој начин се заробени во маѓепсаниот круг на сиромаштијата.
Спијат каде можат, најчесто на улиците или во некои напуштени згради, прават чудни и невообичаени работи за да стигнат до некој денар и најчесто се без надеж дека некогаш ќе имаат подобра иднина.
Токму така, настанала оваа серија на фотографии, со надеж дека нивната приказна ќе биде слушната.
Н. Г. | Црнобело