Момче добило пријатно изненадување, откако никој не се појавил на неговиот роденден

9-годишниот  Џералд Хамилтон е дете кое неодамна го искусило еден од најболните моменти во своето детство, откако ниту едно дете не се појавило на неговата роденденска забава.

9-godishno-momce-dobiva-iznenadna-zabava-otkako-nitu-eden-soucenik-ne-se-pojavil-na-rodendenot-01.jpg

Неговата баба Амелија Лара очајна поради тагата на нејзиниот внук одлучила да објави статус на Фејсбук кој допре до многу срца и предизвика лавина од реакции.

„Мојот внук досега имаше 5 операции на мозокот и побавно се развива од останатите соученици. Но, и покрај тоа, тој е најдоброто и сочувствително дете. Неговата мајка испрати 30 покани до целото негово одделение.

12 рекоа дека ќе дојдат. Во 3 часот попладне Џералд проверуваше дали сите вреќички со мали знаци на внимание се подготвени за неговите пријатели, беше облечен и подготвен за забава.

Во 5 часот попладне уште седеше и чекаше, одбивајќи да ја пресечеме тортата, надевајќи се дека барем едно дете ќе се појави“ - напишала неговата баба.

Лара во својата објава ги замолила сите оние кои ќе ја прочитаат да му пратат честитка на Џералд.

Иако роденденот завршил, тој оттогаш добил голем број на честитки, но и можност да го запознае неговиот омилен рагби тим „Chicago Eagles“, па и да влезе во собранието на градот и да има можност да си игра со полициските кучиња.

9-godishno-momce-dobiva-iznenadna-zabava-otkako-nitu-eden-soucenik-ne-se-pojavil-na-rodendenot-1.jpg

Оттогаш и понатаму продолжил да добива подароци.

9-godishno-momce-dobiva-iznenadna-zabava-otkako-nitu-eden-soucenik-ne-se-pojavil-na-rodendenot-2.jpg

„Среќна сум што благодарение на добрите срца на луѓето, тој сепак е среќен и му покажавме дека не сите луѓе на овој свет се лоши“ - заклучува неговата баба.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Заедно имаат 861 година, секој ден јадат ист оброк – Кое е најдолговечното семејство во светот? Италијанското семејство Мелис го сочинуваат девет браќа и сестри кои заедно имаа...
Драма во семејството на Ралф Шумахер: Бившата лаже дека не знаела дека е геј, синот јавно го поддржа „Би сакала да знаев, да ме вклучеше во таа негова одлука. Тоа ќе ми беше знак де...
Пепел по улиците и дворовите на Сицилија, откажани летови - Фотки и видеа од ерупцијата на Етна Летово вулканот Етна еруптира неколкупати, а по последната ерупција локалците по...
Најекстравагантното откривање на пол на бебе – 2.000 балони, 3 авиони кои пуштаат боја и конфети (фо... Повеќе од 2.000 балони во сина и розова боја, огромни букви кои означуваат „дево...
Имаат 600 слуги, јадат со златен прибор: Кој е најбогатиот пар во Индија? Најбогатиот маж во Индија има милијарди на сметка, на сопругата ѝ купува сѐ што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg