Невообичаена животна приказна: „Живот без граници“ - Ник Вујичиќ

Повеќе од нас можеби веќе го имаат видено виралното видео кое пред извесно време ги преплави социјалните мрежи и не остави никого рамнодушен имајќи ја во предвид трогателната, мотивирачка и инспиративна приказна на Ник Вујичиќ, човекот кој пред 32 години се роди со ретката болест тетра амелија синдром поради која нема ниту раце ниту нозе, а сепак успеа да си помогне себе си, но и на милиони други луѓе ширум светот.

nevoobicarna-zivotna-prikazna-zivot-bez-granici-nik-vujicik-01.jpg

Кога неговиот татко Борислав првпат го видел се онесвестил, додека неговата мајка Душка не сакала во прво време да си го види синот. Но, покрај сите премрежја и предизвици Ник успеа она што е негов недостаток и маана да го претвори во предност и да биде инспирација за повеќе од три милиони луѓе во 24 различни земји низ светот.

Првичниот шок на новонастанатите околности, семејството го заменува со голема упорност, поддршка и силна волја кои му помогаат на Ник што е можно побрзо да се интегрира во секојдневните животни активности, и да научи самостојно да функционира како и секој друг човек кој има екстремитети. Но, како растел и станувал свесен за сопствените недостатоци така и се продлабочувала депресијата. Тој се почесто бил изложуван на малтретирања од страна на неговите врсници, што ќе го доведе до очајна состојба и ќе се обиде да посегне по сопствениот живот на само 10 годишна возраст. За среќа, безуспешно...денес за ова искуство тој отворено зборува и вели дека единствената работа поради која се одвратил од намислата за самоубиство е свесноста за болката и траумата која би ја нанел на неговите родители доколку на овој начин го заврши својот живот.

Борбата на семејството продолжува и оди до таму што успеваат да го сменат законот во Австралија, според кои лицата со хендикеп може да ja следат стандардната настава во училиштата, Ник Вујичиќ станал еден од првите примери на такви лица. Ќе стане претседател на Студентскиот парламент, но, исто така, ќе го покаже и својот талент за ораторство, кое ќе стане негова животна определба. Растејќи и привикнувајќи се кон сопствените можности Ник сфатил дека неговите достигнувања инспирираат многу луѓе. Пресвртната точка се случува кога тој чита една статија за еден човек кој страда од сличен синдром. Тогаш сфаќа дека не е единствениот кој се бори, што му дава инспирација за понатамошниот живот. На седумнаесет години, за првпат  почнува да одржува предавања за проблемите со кои се соочува и ја основа непрофитната организација "Живот без граници." Околностите во кои тој израснал, ќе направат тој многу побрзо од своите врсници да созрее, а самиот ја истакнува својата лична вера во Бога, која му помогнала да се справи со различни животни проблеми. Дипломирал сметководство и финансиско планирање, а од неодамна е среќно оженет и татко на две деца.

nevoobicarna-zivotna-prikazna-zivot-bez-granici-nik-vujicik-03.jpg

Ник Вујичиќ има одржано говори во 43 земји и разговарал со повеќе од 4.500 000 луѓе, а гледаноста не неговите предавања на интеренет се мерат со десет милиони посети од целиот свет. Меѓу публиката која ги има следено неговите говори се вбројуваат и претседатели на различни држави и деловни луѓе, средношколци, личности со инвалидитет, родители, деца, затвореници, итн.

nevoobicarna-zivotna-prikazna-zivot-bez-granici-nik-vujicik-02.jpg

Во Скопје на 16 април, во ВИП Арената на СРЦ „Борис Трајковски“, тој ќе се претстави и пред македонската публика со свој мотивационен говор споделувајќи ја со нас неговата неверојатна животна приказна и харизматичен лик. Со длабока верба во Бога тој успеа да ги допре срцата на милионите фанови ширум светот ширејќи огромна надеж и волја која им помогна на многу луѓе да го трансформираат својот поглед кон животот и светот.

Гостувањето во Скопје е дел од неговата светска турнеја и за него таа е од големо значење, имајќи го во предвид неговото потекло. За таа цел посетата нема да биде сведена само на мотивациониот говор туку ќе му биде дадена една поширок хумана димензија заедно со „Центарот за поттик на креативни потфати“, кои се воедно и главни организатори на настанот по иницијатива на г. Искра Донева од име на Град Скопје и нејзината организација „Нова Искра“ како и евангелско-протестантските цркви во Македонија.

Собраните средства од билетите ќе бидат комплетно донирани во хуманитарни цели односно за опремување на салата за лицата со посебни потреби.

Билетите се веќе пуштени во продажба преку МКТикетс по цена од: 100/200/300/1000 денари. Тие може да се купат онлајн, преку вебсајтот на МКТикетс или во нивната продажна мрежа која ги вклучува продавниците на ONE ширум Македонија.

За повеќе информации во врска со настанот можете да ја посетите и веб-страницата.

Би можело да ве интересира:

Вилијам и Кејт објавија нова божиќна семејна фотографија - Потсетува на фотката од Хари и Вилијам од... На новата празнична фотографија, кралското семејство е во опуштено издание, обле...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
„Направив операција за издолжување на нозете – не можам да спијам од болка, но ќе бидам 10cm повисок... Инфлуенсер од Колумбија ја направил „најболната операција во светот“ бидејќи сак...
Мајка му го киднапирала, па го однела да живее во култ: Детали за детето од Англија по кое се трагаш... Пред шест години, тогаш 11-годишниот Алекс од Англија отишол на одмор со мајка м...
Девојка од Мексико стана првиот адвокат со Даунов синдром: „Сакам да ги бранам луѓето како мене“ Ана од Мексико стана првиот адвокат во светот со Даунов синдром. Дипломирала во ...
Џулијан Асанж е слободен човек - По 12 години правна битка и 2 деца добиени во заробеништво „Џулијан Асанж е слободен човек“. Основачот на Викиликс по 12 години правна борб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg