Човекот кој го врати животот во пустините (видео)
- Детали
- понеделник, 04 април 2016
Јакуба Савадого е инвентивен африкански фармер кој последните 30 години постојано патува низ пустините и се обидува да ги оживее.
Савадого е човек кој се посветил на тоа пустините повторно да ги направи шуми, односно плодно место за развој на растителниот свет.
Неговите единствени алатки се лопатата и цврстото убедување дека сè може да се промени на подобро.
Неговите резултати се доказ дека неговите алатки се успешни.
Во `80-те ужасна суша го зафатила Сахеловиот појас во Африка, уништувајќи го целото зеленило пред себе.
Голем дел од плодната земја се претворила во пустина која ги принудила повеќето жители да се преселат, но Јакуба останал.
Не знаел да чита, ниту да пишува, па не можел да употреби модерни алатки и техники, едноставно продолжил со античката африканска техника позната како „zai“ каде семето го засадува во дупка полна со компост и чека на дождливата сезона.
Планот на Јакуба успеал, а неговата приказна станала дел од документарен филм познат како „The Man Who Stopped the Desert“.
Денес неговата техника сè уште се практикува ширум Африка.
Н. Г. | Црнобело