Почина Заха Хадид, „Кралицата на кривата линија“

Светот на архитектурата и дизајнот остана посиромашен за уште еден кративен ум, чии дела ја воодушевуваа јавноста, оставајќи ја без здив.

pocina-zaha-hadid-kralicata-na-krivata-linija-1.jpg

Заха Хадид, родена во главниот град на Ирак, Багдад, беше првата жена архитект, која оваа година во февруари го доби Златниот медал од страна на Кралскиот институт на британски архитекти, како признание за нејзината работа. Оваа престижна награда претходно се нашла и во рацете на врвни архитекти, како Жан Нувел и Оскар Нимаер.

Талентираната британска архитектка почина ненадејно од срцев удар на 65-годишна возраст, во болница во Мајами, каде што била лекувана од бронхитис.

Добитничка на многу награди и признанија низ годините, Хадид неуморно работеше со цел да се етаблира не само себеси како квалитетен архитект, туку воопшто, да ја промени улогата на жената во овој навидум „машки занает“.

„Понекогаш предизвиците се неизмерни. Доживеавме огромни промени во текот на изминатите години и ќе продолжиме со напредокот“, е една од последните изјави на Хадид, алудирајќи на улогата на жените архитекти.

Хадид воедно е првата жена добитник на Прикеровата награда за архитектура, која е пандан на Нобеловата награда во архитектонскиот свет.

Меѓу најпознатите дела во портфолиото на Хадид се Олимпискиот воден центар во Лондон, Националниот музеј на современа уметност во Рим, Риверсајд музејот во Глазов, централната зграда на BMW во Лајпциг и многу други.

Делата на Хадид остануваат сведоци на една уникатна визија на архитект кој се раѓа еднаш во 100 години, отсликувајќи ретко повторлив талент и имагинација.

Во продолжение се 10-те најдобри градби по кои светот ќе ја памети:

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Добри уметници, но лоши родители - Славни личности кои не разговараат со своите деца 50 Cent го споредил својот син со змија. Религијата во која членува Том Круз не ...
Сака да носи женска облека, се дружи само со богаташи: Синот на кошаркарот Меџик Џонсон живее во рас... Кошаркарот Меџик Џонсон има изјавено дека тешко го прифатил фактот дека син му е...
„Поминав 8.000km за љубовен состанок, но заврши катастрофално“ Англичанката Кејла Касл буквално го сфатила тоа дека „само небото е граница“, па...
„Имам отечени дланки поради ретко нарушување – веќе не можам да ја користам десната, а болеста напре... Млада Американка има ретко нарушување кое е забележано кај само 200 луѓе во цели...
„13 години бев парализиран – Родителите мислеа дека сум во кома, но бев потполно свесен“ Приказната на Мартин Писториус од Англија е фасцинантна колку што е и застрашува...
Ким Кардашијан танцува со новиот робот на Tesla од 20.000€, кој јавноста го критикува: „Нè очекува а... Додека Ким Кардашијан се чини воодушевена од роботот на Tesla, дел од јавноста и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg