Социјален експеримент со дете бездомник по кој ќе се запрашате каде ни е човечноста
- Детали
- среда, 23 март 2016
Полицијата во Нов Зеланд се одлучила на еден малку несекојдневен експеримент со кој ќе им покаже на луѓето кои работи се навистина важни во животот.
Видеото покажува како стотици луѓе поминуваат покрај гладно момче кое тажно пребарува низ кантите за отпадоци барајќи храна.
Видеото било снимано повеќе од 35 минути. За тоа време 500 луѓе имале шанса да му помогнат.
Поразителниот факт е што самo три групи и тројца поединци застанале да поразговараат со него, сè на сè вкупно 10 луѓе.
Видеото е дел од кампањата за регрутација на нови полицајци и прашањето кое го поставува е: „Дали се грижиш доволно за да бидеш полицаец?“.
Сепак прашањето кое сите после ова видео треба да си го поставиме е: „Колку човечност останало во секој од нас?“.
Hungry boy ignored by hundreds in social experimentIn a bid to recruit caring officers, the New Zealand police produced this video showing a young boy searching for food in a bin.Over the course of 35 minutes, the police say, about 500 people ignored him, avoiding eye contact or stepping around him to drop their own rubbish.
Posted by The Guardian on Tuesday, March 22, 2016
М. С. | Црнобело