2-годишното дете кое речиси умре за вода: Како изгледа сега?
- Детали
- петок, 18 март 2016
Данскиот социјален работник Ања Рингрен Ловен која со години им помага на децата во Нигерија, неодамна објави фотографии на Фејсбук кои допреа до срцата на многу луѓе ширум светот.
Ловен објави фотографија од 2-годишно момче кое било напуштено од своите родители, бидејќи верувале дека е вештер. Било во толку лоша состојба што било чудно како воопшто е живо.
Цели 8 месеци талкало додека благодарение на Ања не почнало да добива медицинска помош и соодветна грижа.
Ања на својот Фејбук уште еднаш објави фотографија од ова момче кое се вика Хоуп. На фотографијата јасно може да се забележи дека момчето е во далеку подобра состојба и како има накачено неколку килограми.
„Дента кога го носев во раце ова малечко момче бев сигурна дека нема да преживее. Секој здив претставуваше борба и не сакав да умре без име и достоинство, затоа го крстив Хоуп - Надеж.
За мене Хоуп е посебно име. Не само значењето на зборот - надеж, туку и поради тоа што ми претставува на мене лично. Многу одамна на раката го тетовирав овој збор „Hope“ поради значењето: Помагај на една личност секој ден (Help One Person Everyday)“ - објаснила таа заедно со фотографијата.
The day I carried this sweet little boy in my arms for the very first time I was so sure he would not survive. Every...
Posted by Anja Ringgren Lovén on Wednesday, March 16, 2016
The day I carried this sweet little boy in my arms for the very first time I was so sure he would not survive. Every...
Posted by Anja Ringgren Lovén on Wednesday, March 16, 2016
Н. Г. | Црнобело