Која земја во светот е најсреќна, најбогата, најбезбедна?
- Детали
- вторник, 15 март 2016
При патување трошите големи суми на пари, па тоа е само една од причините зошто добро треба да истражите пред да ја одберете дестинацијата.
Еве нешто што ќе ви помогне - листата на најдобри и најлоши земји за посета според неколку карактеристики, вклучувајќи ја економската состојба, едукацијата на населението, здравјето, сигурноста, личната слобода...
Норвешка е местото каде треба да се упатите оваа година
Оваа година, Норвешка води на сите листи. Скандинавската земја е на 4-то место за економската состојба, 5-то место за образование, 4-то место за здравје, 8-мо место за сигурност и безбедност и 3-то место за лична слобода. Што значи, толку многу може да ви се допадне, што ќе посакате да останете засекогаш.
САД станува сè поопасно место
САД никогаш не бил целосно ослободен од криминалот и ризикот, но оваа година падна на 33-то место. Всушност, со исклучок на Европа, криминалот оваа година е многу почест низ целиот свет.
Индонезија се збогатува побрзо од било која друга земја
Во последните 7 години, Индонезија се искачи за 21-место на листата благодарение на добриот економски развој. Задоволството на населението за начинот на кој живеат исто така е покачено од 63% на 71%, што е уште еден знак дека работите се одвиваат во горна граница.
Канада е најслободната земја во светот
Канада оваа година е на првото место за индивидуална слобода на луѓето кои живеат таму. Оваа земја е прилично толерантна и кога се работи за етичките малцинства, заради што се најде на 5-то место. Таму секој е добро прифатен, па зошто да не биде ваша следна дестинација?
М. Д. | Црнобело