Тинејџерката чиј 15-ти роденден чинеше $6 милиони долари: Татко ѝ ги изнајмил Питбул, Ник Џонас и шминкерот на Кардашијан
- Детали
- четврток, 10 март 2016
Маја Хенри е тинејџерка од Сан Антонио, која за 15-от роденден си доби журка вредна $6 милиони долари како подарок од нејзиниот татко, успешен адвокат.
Роденденската забава се одржала на простор од околу 5.000 метри квадратни украсени со високи цветови од цреша, ѕидови од рози, фонтани, пеперутки од под до плафон, бина, озвучување, посебна соба за танцување...
Питбул и Ник Џонас настапиле на бината, односно одржале приватен концерт за 600-те гости кои присуствувале на роденденот.
Славеничката ја шминкал шминкерот на сестрите Кардашијан, додека двата фустани кои ги носела биле дизајнирани по нејзина мерка од Роландо Сантана.
Само дел од атмосферата и луксузот, која била овековечена од фотографот на Мишел Обама:
М. Д. | Црнобело