Поука од една трагична смрт: Како да запре малтретирањето на интернет?

Џејн Клементи била среќна мајка на три деца и медицинска сестра, но пред неколку години животот целосно ѝ се променил. Пред 9 часот, нејзиниот 18-годишен син Тајлер, застанал пред мостот George Washington и објавил Фејсбук статус: „Скокам од мостот gw - извинете“.

pouka-od-edna-tragicna-smrt-kako-da-zapre-maltretiranjeto-na-internet-01.jpg

Илјадници млади луѓе се самоубиваат на годишно ниво, но приказната на Тајлер го привлече вниманието на целиот свет. Неколку денови пред да се самоубие некој ја употребил дигиталната технологија за да го малтретира и да се шегува со него.

Трагедијата откри неподнослива вистина - технологијата може да го трансформира животот на младите луѓе, но ако падне во рацете на суровите и злонамерните, има моќ да го уништи.

Сајбер малтретирањето, во кое е вклучено и објавувањето на приватни видео снимки и фотографии на порно страните, денес не се случува толку многу како во минатото, но засрамувањето и понижувањето сè уште се драстично застапени.

Од злобни коментари до закани за насилство од различен тип на социјалните мрежи, постојано влијаат на дефинирањето и градењето на идентитетот на младите. Денес живееме во култура која не ги вреднува учтивоста и сочуствителноста.

Токму затоа родителите на Тајлер ја отвориле Фондацијата која се обидува да ја подигне свеста на луѓето околу тоа колкаво значење има сајбер малтретирањето.

pouka-od-edna-tragicna-smrt-kako-da-zapre-maltretiranjeto-na-internet-1.jpg

Насилникот во случајот на Тајлер Клементи бил неговиот цимер Дарин Рави. Тајлер бил млад талентиран човек. Штотуку се запишал на Универзитетот Рутгерс, започнал да свири виолина за престижниот симфониски оркестар на Универзитетот и ја дефинирал својата сексуалност. Клементи открил на своите родители дека е хомосексуалец.

pouka-od-edna-tragicna-smrt-kako-da-zapre-maltretiranjeto-na-internet-2.jpg

Рави случајно открил за сексуалната ориентација на својот цимер откако го видел со друг маж, а потоа своето откритие го споделил на социјалните мрежи и ги охрабрил колегите да дојдат да набљудуваат следниот пат кога Тајлер ќе има друг маж во неговата соба.

Тогаш започнале негативните коментари и малтретирањето кои довеле до трагичната несреќа.

Фондацијата на неговите родители има за цел да ја подигне свеста, да ги повика луѓето анонимно да ги подржуваат оние кои се исмевани на интернет. Да им помогнат да младите луѓе да си ја вратат самодовербата.

Така започна и иницијативата против малтретирањето „I Am a Witness“:

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка му го киднапирала, па го однела да живее во култ: Детали за детето од Англија по кое се трагаш... Пред шест години, тогаш 11-годишниот Алекс од Англија отишол на одмор со мајка м...
„Се омажив во Дубаи за пари, сопругот ми дава месечен џепарлак од над 30.000 долари“ Малајка е една од бројните жени, односно богати домаќинки во Дубаи и сака да се ...
Уапсена поранешната Мис Боливија – Во домот ѝ нашле арсенал оружје, се верува дека шверцувала дроги На Инстаграм долго време се фалеше со својот луксузен начин на живот, важи за ед...
Го испеаја евровизискиот хит „Бандидо“ во 1990 година – Како изгледаат денес сестрите Салазар? Сестрите кои го освоија 5-тото место на Евровизија во 1990 година ја газат седма...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Ѝ се додворувал додека бил излезен со нејзина другарка, еднаш му раскинала - Помалку познати детали ... Доналд и Меланија Трамп се во брак од 2005-та година, а малкумина знаат како зап...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg