Моментот кога 2-годишно момче оставено да умре, добива вода
- Детали
- вторник, 16 февруари 2016
„Милиони деца тука се верува дека се вештерки, се измачувани и напуштени. Милиони умираат или исплашено талкаат“ - ова се зборовите на данскиот социјален работник Ања Рингрен Ловен.
Таков е случајот и со ова 2-годишно момче кое било напуштено од своите родители, бидејќи верувале дека е вештер.
Прегладнето и со тении, талкало по улиците цели 8 месеци сè додека на 31-ви јануари не го пронашла Ања Рингрен која работи во Нигерија како социјален работник.
Го крстила Хоуп (Надеж).
Му дала малку вода и благодарение на неа, почналo да добива медицинска помош и состојбата да му се подобрува.
„Денеска конечно успеа да седне и малку да се насмевне. Мислам дека овие фотографии вреди секој да ги погледне“ - објаснува таа.
Н. Г. | Црнобело