Кавалер се учи од мали нозе: Тинејџер подарил 900 каранфили на соученичките
- Детали
- понеделник, 15 февруари 2016
Еден тинејџер оваа година решил да го разубави Св. Валентајн на сите девојчиња во неговото средно училиште, па за таа цел купил 900-ни каранфили и ги поделил на сите.
Хајден Годфри собрал 20 доброволци и со нивната помош купил огромна количина на каранфили, бидејќи не сакал ниту една девојка во неговото средно училиште да се чувствува запоставено.
Фотографиите од свеќето ги објавил на својата Фејсбук страна, а под нив напишал:
„Денес направив нешто. Денес поделив 900 каранфили на секоја девојка која учи во SVHS, а трудот вредеше. Мислам дека ништо не може да се спореди со погледот каде секоја девојка носи цвет во раката додека се движи низ ходниците“.
Вели дека долго време го планирал ова, а го направил со помош на неговата заштеда.
Н. Г. | Црнобело