Кој е најсреќниот град во Европа?
- Детали
- петок, 12 февруари 2016
По последните истражувања направени од страна на Европската Унија, беше откриен најсреќниот град, а со тоа и најдобрата земја за живеење.
Истражувањето е направено на 40.000 испитаници од 28-те членки на Европската Унија, кои требало да одговорат на прашања за тоа колку се среќни и задоволни од сопствениот живот.
Резултатите покажуваат дека, како и во претходните 12 истражувања, Норвешка е најдобрата земја за живеење, а Осло најсреќниот град.
Покрај Осло, уште еден град чии жители се најсреќни е Цирих. И во двата града, жителите биле 99% согласни дека се среќни и задоволни од сопствениот живот.
Ова воопшто не е чудно, ако се земе предвид дека скандинавските земји и Швајцарија често се наоѓаат на врвот на светските листи кои го истражуваат квалитетот на животот и среќата.
Но, резултатите покажале едно интересно и неочекувано сознание - главниот град на Литванија, Вилнус, е исто на врвот на листата со 98% задоволство на неговите жители. Исто како и Белфаст, Северна Ирска.
Градовите каде жителите изјавиле најмало задоволство се Истанбул, Атина и Палермо, Италија.
Ова воопшто не е чудно, ако се земе предвид фактот дека во последните месеци овие држави се соочуваат со политички протести.
Н. Г. | Црнобело