Што не е во ред со овој оброк од McDonald's?
- Детали
- среда, 10 февруари 2016
Фотографија на која е прикажан „Happy Meal“ оброк од McDonald’s купен уште во 2010-та година и зачуван цели 6 години, стана вирална сензација и предупредување за брзата храна која ја јадеме.
Џенифер Ловдал од Анкориџ, Алјаска објавила фотографија на Фејсбук од „Happy Meal“ кој го купила уште во 2010-та година.
Дури и сликата на картонот рекламира филм од тој период.
Очекува картонската кутија побрзо да скапе од самиот оброк.
It's been 6 years since I bought this "Happy Meal" at McDonald's. It's been sitting at our office this whole time and...
-->Posted by Jennifer Lovdahl on Wednesday, February 3, 2016
It's been 6 years since I bought this "Happy Meal" at McDonald's. It's been sitting at our office this whole time and...
Posted by Jennifer Lovdahl on Wednesday, February 3, 2016
На својата Фејсбук објава напишала: „Поминаа 6 години откако го купив овој „Happy Meal“ оброк од McDonald’s. Седи така во мојата канцеларија и воопшто не скапува, ниту пак го менува обликот. Мириса само на картон“.
„Овој експеримент го направивме само за да им покажеме на нашите пациенти колку е нездрава брзата храна која ја јадат. Посебно за нашите деца. Има премногу хемикалии во храната. Одберете вистинска храна! Јаболка, банани, моркови, целер... Тоа е брза храна во буквална смисла на зборот“ - додава.
Н. Г. | Црнобело