Решение на вечната битка: Кој ќе освои поголем дел од креветот?
- Детали
- вторник, 09 февруари 2016
На еден маж му пречело тоа што неговата сопруга речиси никогаш не му оставала доволно простор за спиење, па решил да преземе драстични мерки.
Reddit корисникот jonathan881 се чини дека ја решил битката за еднаков простор на креветот за само 35,95 долари.
Тој купил ласер, прецизно измерил и го означил креветот кој го дели со својата сопруга.
Човекот кој 15 години работи како инженер решил своите таленти да ги употреби и во својот дом.
„Во нашиот дом нема дебати, само податоци“ - напишал Џонатан.
„Ја прашав што мисли, кој почесто преминува на другата страна, а таа претпостави дека и двајцата подеднакво преминуваме на другата страна“ - додал.
Н. Г. | Црнобело